ИФФК „Браќа Манаки“, најстариот и најпрестижниот светски фестивали посветени на кинематограферите е роден токму од визијата на нашите филмски професионалци.
Во 1979 година, Друштвото на филмски работници (ДФРМ) ги постави темелите на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. Целта беше јасна – да се слави магијата зад камерата и да се зачува заветот на првите балкански сниматели, Јанаки и Милтон Манаки.
Денес, благодарение на посветеноста на ДФРМ, Битола секоја година е центар на светската филмска елита. Наградите „Камера 300“ станаа симбол за врвна уметност, носејќи ги најголемите оскаровци и визуелни мајстори на нашите простори.
ДФРМ не е само основач, туку и мотор кој ја движи македонската кинематографија напред, поврзувајќи ги младите таленти со глобалната филмска мапа.