Во рамки на фестивалот „Браќа Манаки“ денеска се одржа презентаијата „Боите во движење со ARRI: Разговор за креативните можности“, на која Енди Бакленд, сениор специјалист во компанијата, во кино Манаки зборуваше за новите можности во работата со боја, снимањето во услови на слаба осветленост и најновите технологии на германскиот производител.
Во фокусот беше ARRI Reveal Color Science, како и новата ALEXA 35 Xtreme, наменета за снимање во услови на исклучително ниска осветленост. Беше претставен и ARRI Core, при што беше нагласено дека овозможува ист работен процес на сет и во постпродукција како и постојните кодеци на ALEXA 35.
Бакленд се осврна и на референтната алатка на ARR, со поддршка за работни процеси со алатки како Baselight и DaVinci Resolve, овозможувајќи поголема контрола врз изгледот и бојата во различните фази од продукцијата.
Еден од акцентите беше ARRI Core, RGB кодек од новата генерација, развиен од ARRI. Како што беше истакнато на презентацијата, ARRI Core овозможува висок квалитет на сликата и голема флексибилност во постпродукцијата, со пониска количина на податоци. На презентацијата беше прикажана и споредба на потребната стапка на податоци при снимање со 24 фрејма во секунда. Целта на технологијата е да овозможи ефикасен работен процес, без значително компромитирање на квалитетот на сликата.