Manaki Brothers

СПЕЦИЈАЛНА СЕЛЕКЦИЈА

ЗАСПАНИОТ ЅВЕР

Наследниците на Манаки (награди)
24.9.2023 | 17:00 | ЦЕНТАР ЗА КУЛТУРА

95’ | Естонија, Латвија

Кинематограф: Елен Лотман | Режија: Јаак Килми

Кристјан и другите деца од соседството се најдобри пријатели и летните денови ги поминуваат во игри и авантури во една напуштена стара фабрика. Откако, Елмар, намќорестиот чувар, ќе ги избрка од погонот, една чудна несреќа фрла темна сенка врз групата – а Кристјан треба да се соочи со најтешката одлука во својот млад живот. Ќе се осмели ли да спаси живот и покрај сѐ?

ПРАЗНИК НА ТРУДОТ

Специјална селекција МК Малцинска
24.9.2023 | 21:15 | КИНО МАНАКИ

113’ | Босна и Херцеговина, Хрватска, С. Македонија, Србија, Црна Гора

Кинематограф: Алмир Џиколи | Режија: Пјер Жалица

По десет години поминати во Германија, Армин се враќа во Босна под превезот на ноќта. Се слави Први Мај, Армин штотуку се оженил и сака да го изненади својот татко Фудо, но Фудо не е дома. Соседот вели: „Го уапсија Фудо, којзнае зошто“. Населбата ја преплавува хаос.

ЕСКОРТ

Специјална селекција МК Малцинска
25.9.2023 | 17:00 | ЦЕНТАР ЗА КУЛТУРА

120’ | Хрватска, С. Македонија, Косово

Кинематографер: Фране Памиќ | Режија: Лукас Нола

Една ноќ со сексуална работничка и двајца членови на хотелскиот персонал кои ќе го убедат да направи погрешен чекор, засекогаш ќе го сменат животот на Миро.

МИСИСИПИ ГОРИ

Специјална проекција во чест на Питер Бижу
25.9.2023 | 21:15 | КИНО МАНАКИ

128’ | САД

Кинематографер: Питер Бижу | Режија: Алан Паркер

Во 1964, лоша спојка на двајца детективи на ФБИ го истражува исчезнувањето на двајцата активисти за Граѓански права во расистички-настроениот град. Нивните различни пристапи им откриваат сегрегиран град каде дознаваат дека не секој сака да види разрешница на случајот.

26.9.2023 | 17:00 | ЦЕНТАР ЗА КУЛТУРА

 

ТАК ТАК, 20′ | С. Македонија
Кинематографер: Александар Касапинов | Режија: Јане Алтипармаков

ЕДЕН ТОН СЛАДОЛЕД, 19′ | С. Македонија
Кинематографер: Ѓорѓи Клинчаров | Режија: Сандра Ѓоргиева

ДАЛИ СИ МАЖ?, 15′ | С. Македонија, Србија
Кинематографер: Наум Доксевски | Режија:  Ѓорче Ставрески

СЦЕНАРИОТО, 15′ | С. Македонија
Кинематографер: Душан Кардалевски | Режија: Александра Кардалевска

КУТИИ, 12′ | С. Македонија
Кинематографер: Дејан Димески | Режија: Ангела Димеска

 

ТРАГАТА НА ДИВЕЧОТ

Специјална селекција
26.9.2023 | 21:15 | КИНО МАНАКИ

105’ | Србија

Кинематографер: Бојана Андриќ | Режија: Ненад Павловиќ

Амбициозен новинар се впушта на патешествие истражувајќи брутално убиство во руралните предели на комунистичка Југославија.

ЃАВОЛ ВО ЕЗЕРОТО

Специјална селекција
27.9.2023 | 17:00 | ЦЕНТАР ЗА КУЛТУРА

101’ | Јужна Кореа

Кинематографер: Џу-Јеол Хан | Режија: Си-вонг Так

Бо-Јеонг се вселува во луксузната куќа на неговата некогаш богата баба, Ванг, за да ја негува, но со опасна намера. Но, штом стапне таму, ќе сфати дека во куќата и во езерото има нешто натприродно.

ИСКУПУВАЊЕ

Специјална проекција во чест на Шејмус Мекгарви
27.9.2023 | 21:15 | КИНО МАНАКИ

123’ | Обединето Кралство, Франција, САД

Кинематографер: Шејмус Мекгарви | Режија: Џо Рајт

Тринаесетгодишната надежна писателка Брајони Талис неповратно го менува текот на повеќе животни патеки кога го обвинува љубовникот на сестра си за злосторство што не го извршил.

ЗАД СТОГОВИТЕ СЕНО

Специјална селекција МК Малцинска
28.9.2023 | 17:00 | ЦЕНТАР ЗА КУЛТУРА

118’ | Грција, С. Македонија, Германија

Кинематографер: Симос Саркецис | Режија: Асимина Проедру

Локално тричлено семејство на северната граница на Грција е погодено од трагична незгода, што ги тера да се соочат со сопствените пропусти, истовремено принудувајќи ги да ја согледаат цената на нивните дејства.

 

28.9.2023 | 21:15 | КИНО МАНАКИ

 

ПОЧВА, 30′ | С. Македонија
Кинематографер: Јошко Морович | Режија: Алекс Цветков

СТРАВ, 4′ | С. Македонија
Режија: Тоде Блажевски

АКО НЕМАШЕ НЕБО, 29′ | С. Македонија
Кинематографер: Никола Китановски | Режија: Бранко Попчевски

ЖИВОТ ВО МЕУР, 8′ | С. Македонија
Режија: Натали Мекмахон & Никола Дрвошанов

LOBUS FRONTALIS, 16′ | С. Македонија
Кинематографер: Ристе Пејовски | Режија: Кристина Атовска

И СВИЊИТЕ ОДАТ ВО РАЈОТ

Специјална селекција МК Малцинска
29.9.2023 | 17:00 | ЦЕНТАР ЗА КУЛТУРА

86’ | Хрватска, С. Македонија

Кинематографер: Бранко Линта | Режија: Горан Дукич

Семоќниот и сезнајниот наратор Исус Христос, не помалку сезнајната тетка Анка и љубопитната прасица Беба се главните ликови на оваа романтична рурална комедија со пеење, сместена во питомото Загорје во воените 1990-ти. Со ситниот вез на слатко-горки заплети доминираат драмата на првата свинска љубов во време на воздушна тревога и дефектот на една фризерска хауба насред полузавршена фризура.

Scroll to Top