Manaki Brothers

КРАТКА ПРОГРАМА

СОЛЗИТЕ НА НЕШТАТА

24.9.2023 | 19:00 | ЦЕНТАР ЗА КУЛТУРА

13’ | Белгија

Камера: Виктор Мес | Режија: Кејт Воет

Ана се обидува да ги расплетка болните сеќавања од ноќта кога нејзиниот брак почнал да се распаѓа. Неможејќи да зборува, почнува да пишува. Нејзиниот дневник се претвора во писмо до сопругот за нивната сѐ поголема отуѓеност, вгнездена во заглушувачка тишина.

СТЈУАРДЕСА-737

24.9.2023 | 21:15 | ЦЕНТАР ЗА КУЛТУРА

16’ | Грција

Камера: Јанис Фоту | Режија: Танасис Неофотистос

Летајќи на Боингот-737, 39-годишната стјуардеса Ванина од петици се труди да ја сокрие нелагодноста што очигледно ја чувствува. Се чини дека сите искрено сочувствуваат со неа додека таа се жали дека ја мачат новите протези. Ја обвинува мајка си што не се погрижила за нејзините заби тогаш кога било време. Но на нејзините колеги им е јасно; авионот го пренесува и мртвото телото на нејзината покојна мајка кон родниот град. Кога турбуленциите стануваат опасни, Ванина се соочува со итна потреба да ја види мајка си, во средба што ќе се покаже како последна можност за помирување.

КРАТКО ПАТУВАЊЕ

25.9.2023 | 19:00 | ЦЕНТАР ЗА КУЛТУРА

17’ | Франција

Камера: Гијом Ле Гронтек | Режија: Ереник Беќири

Мира и Клоди одат на мисија во Марсеј. Времето е од суштинска важност бидејќи ги чека клучен состанок и просторија полна со мажи што чекаат. Мора да се соочат со фактот дека треба да се разделат, борејќи се со тежината на одлуката што ја донеле.

ВРЕМЕТО ИСТЕЧЕ

25.9.2023 | 21:15 | ЦЕНТАР ЗА КУЛТУРА

13’ | Франција

Камера: Нои Бак | Режија: Камиј Луган

Жули е курир на велосипед. Ноќта требало да ја помине со момчето, Том, но наместо тоа мора да работи. Не изработила доволно минути за да го добие бонусот, па сега мора да надомести. Жули е во трка со времето, итајќи низ Париз од една до друга испорака…

НЕКА ЦВЕТА РОСНОТО ЦВЕЌЕ

26.9.2023 | 19:00 | ЦЕНТАР ЗА КУЛТУРА

17’ | Црна Гора

Камера: Сташа Букумировиќ | Режија: Иван Бакрач

Никола оди на југот на Црна Гора да се збогува со својот најдобар пријател. По патот ја сретнува Маја. Заедно продолжуваат кон непозната дестинација, патот ги носи по голи камења, морето е сѐ поблиску, а збогувањата се прелеваат во нови почетоци

ЕЛЕН ОД МОЧУРИШТЕТО

26.9.2023 | 21:15 | ЦЕНТАР ЗА КУЛТУРА

15’ | Аргентина

Камера: Хоакин Неира | Режија: Жизела Корсело

Жената чека крај огништето. Најава за невреме во грмушката. Елијас бара траги во калта, насетува дека нешто ќе се случи. Земјата и водата се преплетуваат во пејзажот. Млад човек излегува од мочуриштето и отпочнува нов ритуал.

ГАЛЕБИ ГО ПАРААТ НЕБОТО

27.9.2023 | 19:00 | ЦЕНТАР ЗА КУЛТУРА

18’ | Португалија, Франција

Камера: Марта Симоес | Режија: Маријана Бартоло и Гиљермо Гарсија Лопез

Атмосферата на промени и синдикални штрајкови натежнува над пристаништето во Порто. Клара, сопственичка на рибарски бар на кој му се заканува затворање, го наоѓа единственото засолниште каде може да ги сподели своите стравови и контрадикции во прегратките на Ракел, келнерка на брод за крстарење.

ОБЈAВА НА @LITTLEWHEELIE ОД ПРЕД ТРИ ДЕНА

27.9.2023 | 21:15 | ЦЕНТАР ЗА КУЛТУРА

20’ | САД

Камера: Ендрју Крајтон | Режија: Ендрју Стефан Ли

Кога едно потресно видео ќе почне да циркулира низ градот, невработениот татко се мачи да ја задржи својата егзистенција.

МАВЕРА

27.9.2023 | 21:15 | ЦЕНТАР ЗА КУЛТУРА

20’ | САД

Камера: Ендрју Крајтон | Режија: Ендрју Стефан Ли

Кога едно потресно видео ќе почне да циркулира низ градот, невработениот татко се мачи да ја задржи својата егзистенција.

ОГАН НА ЕЗЕРОТО

28.9.2023 | 21:15 | ЦЕНТАР ЗА КУЛТУРА

15’ | Франција

Камера: Орелијан Пи | Режија: Пјер Менахем

Феликс се симнува од пасиштата каде ги чува своите крави и ја наоѓа мајка си како лежи на креветот во бесознание. Потресен, бега. Вози неколку километри подалеку низ долината, до куќата на млад човек со кого пред малку стапил во контакт преку апликација за запознавање.

Scroll to Top