Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ ги отвора aкредитациите за 47. издание во септември, 2026 година.
Сите заинтересирани новинари, медиумски работници, филмски професионалци, студенти и претставници на институции можат да аплицираат за акредитација во периодот од 1 јуни до 15 август 2026 година.
Акредитацијата овозможува пристап до фестивалските проекции, прес-конференции и останатите официјални настани во рамките на фестивалската програма, согласно условите и категоријата на акредитација.
Формуларот за акредитации се пополнува на веб-страницата на фестивалот, oдносно на овој линк – https://docs.google.com/…/1FAIpQLSc2xZRssuqBcu…/viewform.
Доколку имате прашања или ви е потребна помош при аплицирањето, ве молиме контактирајте нè на office@manaki.com.mk.