Битола, 19-25.09.26

ИФФК „Браќа Манаки“ го најавува 47. издание со објава на повик за пријавување филмови

Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ го најавува 47. издание со објавување на повикот за пријавување на филмови.

Пријавете се од 9 февруари до 20 јуни преку оваа платформа.

Награди кои се доделуваат на фестивалот:

• Златна, Сребрена и Бронзена камера 300 (официјален избор)
• Железна камера 300 (документарен филм)
• Мала камера 300 (краток филм)
• Кристална камера 300 (студентски филм)

Почесни награди:

• Златна камера 300 за животен опус

• Специјална камера 300 за особен придонес во светската филмска уметност

• Златна камера 300 за креативна синергија

• Голема ѕвезда на македонската кинематографија

Запишете го вашиот филм во филмската историја. Бидете дел од 47. МАНАКИ!