Битола, 20-26.09.25

Избрани четири финалистки на програмата „Her Frame“

Два дена исполнети со инспирација, напорна работа и размена на идеи! Во рамките на програмата Her Frame, избраните учеснички ги претставија своите проекти пред менторите преку pitch сесии — чекор поблиску до остварување на нивните филмски визии.

Врз основа на овие презентации, беа избрани четири финалистки на програмата Her Frame, кои ќе продолжат да ги развиваат своите проекти преку индивидуални, менторски работилници:

Сценарио за анимирани филмови со Сања Поштиќ – Ивона Ѓорѓиовска Кузманоска

Дистрибуција со Драгана Тешиќ – Тина Величковиќ

Режија со Дина Дума – Ангела Димеска

Кинематографија со Бојана Андриќ – Вишња Сретеновиќ Чекор поблиску до нови приказни и перспективи на жените во филмската индустрија! „Culture and Creativity for the Western Balkans“ (CC4WBs), е проект финансиран од Европската Унија, со цел да поттикне дијалог на Западен Балкан преку зајакнување на културниот и креативниот сектор во правец на поголемо социо-економско влијание.