Високо во македонските планини, среде стадо од 600 овци, чувани од огромни кучиња, има бачило. Детската смеа одекнува во ова несигрно прибежиште. Тоа се браќа на возраст од осум до дваесет години. Кога не работат, тие си играат и разговараат за значењето на животот. Дали токму тука лежи нивната иднина?