Секој ден, Жоел се среќава со своите пензионирани пријатели на плажата Бен де Дам во Марсеј. Како во театар на отворено, тие се смеат, зборуваат за љубовта, сексот, за телата и го преобразуваат светот со помош на слободата, затоа што немаат што повеќе да докажуваат.