Интимна семејна драма којашто ја раскажува приказната за комплексниот однос меѓу мајка и ќерка. Наративот добива неочекуван пресврт за време на божиќните празници, кога мајката објавува оглас во весник барајќи маж, со цел повторно да се омажи. Преку емотивна и комична перспектива, филмот истражува теми, како што се осаменоста, љубовта, почитта и разбирањето во едно семејство.