Париз, 1959 година. Епицентарот на филмофилите. Ексцентриците го преземаат кормилото. Француските филм ки критичари – Трифо, Шаброл, Ромер, Ривет – снимаат свои филмови, а арогантниот швајцарски интелектуалец Жан-Лик Годар се плаши дека останал покусо. Користејќи го пријателството со Трифо, добива скромен буџет за да сними криминална приказна со ноар елементи, во која ќе глумат американската ѕвезда
Џин Себерг и боксерот Жан Пол Белмондо. Годар го пишува сценариото паралелно со снимањето. „До последен здив“ (фран. A bout de souffle) …. „Без здив“ (анг. Breathless) … ќе промени сè.