Калкута, Индија, август 1948 година. Тереза, настојничка на Манастирот на сестрите од Лорето, со нетрпение го чека писмото што конечно ќе й овозможи да го напушти манастирот и да оформи нов ред како одговор на повикот што го добила од Бога. И токму кога сè изгледа подготвено, таа се соочува со дилема што ги става нејзините амбиции и вера на испит, во момент на голема пресвртница во нејзиниот живот.