„FATHERLAND“ се фокусира на односот меѓу писателот и добитник на Нобеловата награда Томас Ман (Ханс Цишлер) и неговата ќерка Ерика (Сандра Хулер) – актерка, писателка и возачка на рели. Во летото 1949 година, во екот на Студената војна, таткото и ќерката тргнуваат на предизвикувачко и емотивно патување со црн „Буик“, кое ги води низ разурната Германија – од Франкфурт под американско влијание до Вајмар под советска контрола. По враќањето дома по шеснаесет години егзил во САД, Томас Ман мора да се соочи не само со поделена татковина, туку и со длабокиот раздор во опственото семејство. Со „FATHERLAND“, Павликoвски продолжува таму каде што застана со наградуваните „Ида“ и „Студена војна“, истражувајќи – во својот елиптичен, сведен стил – теми како идентитетот, семејството, љубовта и вината, во услови на превирањата и конфузијата во повоена Европа.