Азиз, професор на Универзитетот во Анкара, добива „жолто писмо“,со кое го известуваат за отказ. Кога и неговата сопруга Дерја, славна актерка во националниот театар, ќе прими исто такво писмо, зададен им е конечниот удар. Обвинети поради идеите кои ги застапуваат, принудени се да бараат засолниште во Истанбул, кај мајката на Азиз. Барањето компромис помеѓу новата неизвесност и политичките уверувања ќе биде тежок испит за нивниот брак.