Manaki Brothers

САМО РЕКАТА СИ ТЕЧЕ

CN | 101'
27.9.2023 | 19:00 | ЦЕНТАР ЗА КУЛТУРА
Режисер: Шуџун Веи | Актери: Илонг Зу, Клое Мајен, Тинлаи Ху

1990-ти во градот Банпо, рурална Кина. На брегот на реката откриено е тело на жена. Ма Же, Началникот на криминалистичката полиција ја води истрагата за убиство која брзо води до логично апсење. Иако неговите претпоставени се орни да се пофалат со успехот, неколку траги го наведуваат началникот подлабоко да навлезе во таинственото однесување на неговите сограѓани.

КИНЕМАТОГРАФЕР: ЧЕНГМА ЖИЈУАН

Ченгма Жијуан (познат и само како Ченгма) дипломирал на Катедрата за камера на Филмската академија во Пекинг, каде што и докторирал. Член е на Кинеското друштво на кинематографери (CNSC). Покрај тоа работи и како визитинг истражувач во Школата „Тиш“ во Њујорк.

Ченгма е познат како кинематографер на следните играни филмови: „Длабоко море“ (Deep Sea), „Оган во рамнината“ (Fire on the Plain), „Здраво, Пекинг“ (Hello, Beijing), „Вортекс“ (Vortex), „Изгубено, најдено“ (Lost, Found), „Зелени лијани“ (Duckweed).

Scroll to Top