Manaki Brothers

ПАДНАТИ ЛИСЈА

FI, DE | 81'
28.9.2023 | 19:00 | ЦЕНТАР ЗА КУЛТУРА
Режисер: Аки Каурисмаки | Актери: Алма Поисти, Алина Томников, Јуси Ватанен

Двајца осаменици случајно се сретнуваат ноќе во Хелсинки и се обидуваат да ја пронајдат првата, единствена и неприкосновена љубов на своите животи. Патот кон оваа благородна цел е засенет од алкохолизмот на главниот лик, тоа што не си ги знаат ниту имињата, ниту адресите, и општата тенденција на животот да става пречки на патот на оние кои си ја бараат среќата.

КИНЕМАТОГРАФЕР: ТИМО САЛМИНЕН

Тимо Салминен (11 јули 1952 г. Хелсинки) е фински кинематографер најпознат по неговата уметничка соработка во филмовите на Аки Каурисмаки. За неговите остварувања во филмовите режирани од Кауризмаки, Салминен се закитил со пет Награди „Јуси“ за најдобра камера, а номиниран бил за уште три. Двапати бил и номиниран за наградата за Најдобар кинематографер на Европските филмски награди.

Scroll to Top