Manaki Brothers

ЗА СУВИТЕ ТРЕВИ

TR, FR, DE, SE | 197'
25.9.2023 | 21:15 | ЦЕНТАР ЗА КУЛТУРА
Режисер: Нури Билге Џејлан | Актери: Дениз Челилоглу, Мерве Диздар, Мусаб Екичи

Самет, млад наставник по ликовно, ја поминува четвртата година од задолжителната служба во оддалечено село во Анадолија. По сплет на околности кои не може никако да си ги објасни, ја губи надежта за бегство од тмурниот живот во кој се чини дека заглавил. Дали неговата средба со Нурај, и самата наставничка, ќе му помогне да ја надмине бесперспективноста?

КИНЕМАТОГРАФЕРИ: ЏЕВАХИР САХИН И КУРСАТ УРЕСИН

Џевахир Шахин и Куршат Урешин се повеќекратно наградувани турски кинематографери кои ја понеле наградата за најдобра камера на Филмскиот фестивал во Истанбул (2015) за нивната заедничка работа во „Студот на Каландар“ на Мустафа Кара, покрај останатите награди со кои филмот се закитил на национални и меѓународни фестивали, меѓу другото и три награди на филмскиот фестивал „Златен портокал“ во Анталија.

Scroll to Top