Manaki Brothers

ЦРНО КУЧЕ

Кина | 2024 | 116’

23.09.2024 | 19:00 | Центар за култура
Режија: Гуан Ху | Улоги: Еди Пенг, Џиа Жанг-Ке

На работ на пустината Гоби во северозападна Кина, по одлежувањето на затворска казна Ланг се враќа во својот град. Додека работи како шинтер во службата што го чисти градот од кучиња скитници пред Олимписките игри во 2008, тој воспоставува неочекувана конекција со едно црно куче. Двете осамени души тргнуваат заедно на ново патување.

Кинематографер: Вајже Гао

Вајже Гао е наградуван кинески кинематографер познат по филмот „Црно куче“ (2024 година, добитник на наградата „Посебно признание“ во Кан), „Жртвата“ (2020 година) и „Мојот народ, мојата земја“ (2019 година).

Scroll to Top