Manaki Brothers

СТУДЕНТСКА ПРОГРАМА
(2023)

24.9.2023 | 15:30 | КИНО МАНАКИ

AНЕМОНА

15’ | Шпанија

Камера: Андреа Ирурзун Гаридо, Клаудија Аркеро | Режија: Алисија Хернанперез Идалго

Саманта и Дејвид се во автомобил со поглед кон морето. Планираат да ја расфрлат пепелта на мајка им на плажата од детството, но ништо не им оди според планираното. Сестрата и братот ќе се соочат со сопствените вистини за нивната мајчинска фигура. Ова е приказна за неизвршен ритуал. Ни ја покажува разликата помеѓу она што го замислуваме и она што всушност се случува.

ПОГЛЕД ОД ГОРЕ ВРЗ МОЈОТ МОЗОК КАКО МЕСТО НА ЗЛОСТОРСТВО

13’ | Австрија

Камера: Алберт Кар, Стела-Џоја Пуелахер | Режија: Луиза Јохоу

Една жена седи сред шумска чистина. Се случило ли нешто застрашувачко? Мртви и исчезнати деца. Врвулица од анонимни претставници на власта, сојузници и еден професор околу обвинетата, со која се постапува како со сведок, жртва и осомничена – се’ во исто време. Таа полека сфаќа дека можеби и е виновна. Дури и откако е ослободена од обвиненијата, останува сама со чувство на вина.

РАБОТИТЕ ШТО ПРЕСТОЈАТ

19’ | Каталонија, Шпанија

Камера: Чави Соуто | Режија: Сантјаго Рафалес

Неочекуван настан ќе го натера Биел, десетгодишно момче, да го преиспита пријателството што го има со својата најдобра пријателка Сара.

25.9.2023 | 15:30 | КИНО МАНАКИ

ЦРВЕНОТО МОРЕ МЕ ТЕРА НА ПЛАЧЕЊЕ

21’ | Германија, Јордан

Камера : Махмуд Белакел | Режија: Фарис Алрјооб

Опседната Ида патува до крајното место на исчезнувањето на нејзиниот партнер во обид за последен пат да го почувствува неговото присуство и да се збогува. Снимен во „град на духови“ во јужниот дел на Јордан на 16-милиметарска лента, овој краток филм – студија на лик, безживотно талка низ естетските конвенции на филмскиот Американски Запад и омантичниот дух на Митскиот каубој.

ЧЕКАЈЌИ ГО КАЛКИ

13’ | Обединето Кралство

Камера: Сахил Котвани | Режија: Нимај Госвами

Чекајќи го Калки е приказна за еден ден од животот на Вишну, работник на дневница (аргат) во кожарска фабрика кој е заглавена во монотоната јамка на сиромаштијата. Чека да му дојде мистериозен гостин во домот, за кој се смета дека има способност да ги трансформира човечките животи. Филмот го истражува чувството на заглавеност и исчекување што доаѓа со чекањето со помош на статични и широкоаголни кадри. Исто така, ја преиспитува идејата за „Бог“ и постоењето на натприродното во современиот свет.

СПАЛЕНА ЗЕМЈА

16’ | Обединето Кралство

Камера: Тамас А. Медер | Режија: Маркела Контрату

Лето е во Грција, а Стела се повлекува во својата летна вила со надеж дека ќе ја заврши својата теза. Таму, гласниот Сосед и неговата Девојка, постојано ѝ го одвлекуваат вниманието. Една ноќ, Стела ќе посведочи ужасно злодело.

26.9.2023 | 15:30 | КИНО МАНАКИ

СТВОР

21’ | Полска

Камера: Игнаци Чижевски | Режија: Дамијан Косовски

30-годишниот Казик се сеќава на своето детства, кога секое утро одел на училиште со својата сакана тетка Дагна. Кога жената ја снемува, момчето решава да ја растајни мистеријата на нејзиното исчезнување.

СИТЕ ЗНААТ

17’ | Израел

Камера: Миеле Лави | Режија: Лиа Декел

Габи е потресена кога нејзината единствена другарка, Ноја, добива внимание од момчето од кое самата има доживеано сексуален напад. Соочувајќи се со сопствениот бес и потребата да биде вклучена, Габи се обидува да ја одржи близината со Ноја, која полека се оддалечува. Како што врз Тел Авив паѓа ноќта, така и нивното пријателство е ставено на испит.

БЛЕСКАВ СОНЧЕВ ДЕН

20’ | Кина

Камера: Пан Венхуа | Режија: Хе Јупенг

Лето, 2021 година, еден млад човек мирно ја чека трансформацијата на неговиот роден град во одморалиште. Животот во руралните предели се карактеризира со едноставност, а неговата секојдневна рутина која се врти околу сточарството и грижата за својот постар дедо. Меѓутоа, еден блескав сончев, се менува сѐ кога една девојка влегува во неговиот живот, носејќи тивка, но длабока трансформација.

27.9.2023 | 15:30 | КИНО МАНАКИ

ВОСКРЕСЕНИЕ

21’ | Полска

Камера: Давид Бајерски | Режија: Луиза Будејко

Помладиот брат на 10-годишната Магда загинува. Татко ѝ е потопен во длабок очај, додека мајка ѝ е студена и дистанцирана. Магда решава да го оживее Марсел, и веќе ѝ е јасно како да ја постигне таа цел.

ДАЛЕЧНИ ПОЛИЊА

16’ | Словенија

Камера: Тадеј Винтар | Режија: Филип Јембрих

Жан, млад француски хулиган, е испратен на принуден одмор кај неговиот дедо Евалд, кој живее во рурален предел во Словенија. И покрај топлото добредојде на Евалд, Жан останува прилично резервиран, со дедо си зборува само француски и ладно го отфрла неговиот начин на живот, кој главно е посветен на чување на овоштарникот и продавање јаболка на локалниот пат. Додека тие се обидуваат да се навикнат на заедничкиот живот, мразот полека се приближува кон овоштарникот на Евалд.

ОСМИ ДЕН

20’ | Република Чешка

Камера: Хелена Фикерова | Режија: Петр Пилипчук

Верска секта се собира покрај езеро во шума. Се подготвуваат за крштевка следниот ден, но тинејџерката Ана има свои планови. Таа е заситена од животот во строгата заедница и копнее за првпат да ја доживее слободата.

28.9.2023 | 15:30 | КИНО МАНАКИ

СКРОЕНИ ОД ИСТА КРАВА

18’ | Италија

Камера: Марија Кјара Мороли | Режија: Џулија Реџини

Серхио останал дома за да му помогне на татко си да ја води семејната месарница. Брат му Флавио никогаш не го прифатил својот дел од одговорноста, се скарал со нивниот татко и решил да го напушти домот. Кога ќе се врати по подолг период, Серхио извесно време верува дека раздорот во семејството сè уште може да се залечи.

НЕОЧЕКУВАН ПОДАРОК

11’ | С. Македонија

Камера: Аго Исмајли | Режија: Мерита Чеграни

Најголемата и единствена тајна на Ела е нејзиниот син Јон. Јон е роден пред осум години како резултат на силување, а после осум години за првпат се чувствува како ничиј син. Оној човек што Јон го знаел како татко се претвора во странец, а тој се чувствува виновен пред мајка си поради сите тешкотии што несвесно ги предизвикал.

ЗАВИСНИТЕ ПРОМЕНЛИВИ

16’ | Италија

Камера: Симоне Роси | Режија: Лоренцо Тардела

Во мрачниот театар, кадифен театар се случува првиот бакнеж меѓу Пјетро и Томасо. Но штом светлата повторно се вклучат, двајцата студенти имаат различни очекувања за тоа што би можело да следи.

29.9.2023 | 15:30 | КИНО МАНАКИ

ЗБОРУВАЈ МИ

21’ | Либан

Камера: Тони Кироуз | Режија: Рибал Чедид

Фарид, кој работи во странство, на последниот ден од престојот во Бејрут се затвора во собата на син му Равад, за да го пронајде што се крие таму. Одделени со заклучена врата, дисфункционалната динамика меѓу нив се засилува, а минатото повторно излегува на површина.

КИЛИБАРНО И ЗЕЛЕНО

8’ | Романија

Камера: Александру Булига | Режија: Александру Булига

„Килибарно и зелено“ е филм за Матеј, 9-годишно момче кое има проблеми со слухот и кое е во период на созревање и формативни години, а главната случка е кога на неговото семејство му се придружува новиот член – помладата сестра по име Амели. Тој има и постара сестра, Марија, која одвреме-навреме го задева, иако го сака. Филмот се обидува да ја транспонира визуелно и звучно, преку експресионистички пристап, внатрешната состојба на Матеј во овој клучен момент од неговиот живот, во кој вниманието на родителите мора да биде прераспределено на три дела, со акцент на новородената Амели, на која ѝ треба многу грижа.

СВЕТОВИ ГОРАТ СРЕДЕ СЕНКИТЕ

20’ | Колумбија

Камера: Давид Кореа Франко | Режија: Исмаел Гарсија Рамирез

Уморна од животот со својот сопруг, една жена решава да го напушти својот дом, за да помине една ноќ во еуфорија со синот и група пријатели.

Scroll to Top