Manaki Brothers

ДОКУМЕНТАРНА ПРОГРАМА
(2023)

45-ТИОТ НАПОРЕДНИК

24.9.2023 | 17:00 | КИНО МАНАКИ

15’ | Обединето Кралство

Камера: Џаред Алтерман | Режија: Лоренс Абу Хамдан

Во зграда која е сместена по ширината на границата се изведува монолог, кој раскажува приказни за порозните граници и непропустливите закони, промислувајќи како слободното движење, слободното знаење и слободниот простор се под закана.

ДИВО ЦВЕЌЕ

24.9.2023 | 17:00 | КИНО МАНАКИ

11’ | Хрватска

Камера: Паво Црнчевиќ | Режија: Карла Црнчевиќ

Татко ми користеше камера само еднаш во животот. Триесет години покасно ме моли да го дигитализирам видео-материјалот што го снимил. Се прашував на што се сеќава.

СОНОТ НА АУРОРА

24.9.2023 | 17:00 | КИНО МАНАКИ

62’ | 2023 | Србија

Камера: Драгана Јовановиќ | Режија: Драгана Јовановиќ

Што се случува штом убaвицата заспие? „Сонот на Аурора“ го испитува колективното несвесно за време на период на современа криза.
Поединечни учесници ги споделуваат своите најживи соништа. Потсвесните наративи визуелно се испреплетуваат со превирањата во ерата во која сега живееме, а архетипите и мотивите од бајката „Заспаната убавица“ испливуваат на површината.

СВЕТЛО НА СВЕТЛИНАТА

25.9.2023 | 17:00 | КИНО МАНАКИ

12’ | Грција

Камера: Кристина Мурмури, Јоргос Валсамис, Неритан Зинџирија | Режија: Неритан Зинџирија

Пред својата смрт во 1932, еден монах направил сопствена камера во едно од најизолираните места на светот. 90 години покасно, еден филмаџија ги открива и реконструира најдените снимки.

АНКА

25.9.2023 | 17:00 | КИНО МАНАКИ

91’ | Австрија, Шпанија

Камера: Ракел Фернандез Нуњез | Режија: Хелин Челик

Во центар се ставени три жени од Јордан кои едвај го преживеале насилството што го претрпеле од мажи. Ги слушаме како зборуваат со заматената логика на траумата.

СОНЧЕВ ЧАСОВНИК

26.9.2023 | 17:00 | КИНО МАНАКИ

65’ | Естониа

Камера: Ерик Поллумаа | Режија: Лиис Нимик

Во рурална Естонија, внимателно набљудуваните сезони на земјоделието, самоодржливоста и одгледувањето деца ги откриваат секојдневните ритми на животот како хармоничен хор на природата и заедницата каде светот е во рамнотежа и секое живо суштество има своја засебна цел.

АНХЕЛ69

26.9.2023 | 17:00 | КИНО МАНАКИ

72’ | Колумбија, Романија, Франција, Германија

Камера: Тео Монтоја | Режија: Тео Монтоја

Погребен автомобил ги крстосува улиците на Меделин, додека младиот режисер ја раскажува приказната за своето минато во овој насилен и конзервативен град. Се потсетува на претпродукцијата на неговиот прв филм, филм со духови, од „Б“ класа.

ЕДНО АЛОЕ, ЕДЕН ФИКУС, ЕДНО АВОКАДО И ШЕСТ ДРАЦЕНИ

27.9.2023 | 17:00 | КИНО МАНАКИ

8’ | Франција, Украина

Камера: Шарп Узуноглу, Асма Бенасуз | Режија: Марта Смеречинска

Што да се земе, а што да се остави? Колку важни се материјалните работи кога се обидувате да си го спасите животот? Пакетите од Украина – преполни со сѐ и ништо – трпеливо чекаат да бидат најдени под мостот, додека еден глас ги буди сеќавањата за несериозните и скапоцени лични предмети, во нешто што наликува на потресно писмо за збогум до Киев.

ПОСЛЕДНА СТАНИЦА ПРЕД ЧОКОЛАДНАТА ПЛАНИНА

27.9.2023 | 17:00 | КИНО МАНАКИ

90’ | Италија

Камера: Танмеј Чоудари, Андреа Хосе Ди Пасквале, Дејмон Џејмс Дјук, Џесика Стајнер | Режија: Сузана Дела Сала

На среде острата калифорниска пустина и на бреговите на токсичното езеро, се протега земја заборавена од времето. Овој порано напуштен град во моментов е дом на мала заедница каде уметноста ги лечи луѓето на најнеочекувани начини.

ЧОВЕК ВО ЦРНО

28.9.2023 | 17:00 | КИНО МАНАКИ

60’ | Франција, САД, Обединето Кралство

Камера: Каролин Шампетие | Режија: Ванг Бинг

Ванг Шилин, еден најважните современи класични композитори во Кина, кој беше цел на жесток прогон, и претрпе физички напади, издржа казна затвор и тортура. И покрај животот поминат во страдање, тој сè уште е способен за длабоко и искрено сочувство.

НИКОГАШ НЕ ВРАЌАЈ СЕ

29.9.2023 | 17:00 | КИНО МАНАКИ

17’ | Австрија

Камера: Симон Веронег | Режија: Асаф Грубер

Нашиот мистериозен протагонист ненападно свири позната мелодија. Песната ни е позната на многумина, препознатлива од диско подиумите ширум Европа – но колкумина од нас се потрудиле да ги сослушаат нејзините исклучително империјалистички стихови?

БЕЗМИЛОСНИ ВРЕМИЊА - ПЕСНИ ЗА НЕГУВАЊЕТО

29.9.2023 | 17:00 | КИНО МАНАКИ

92’ | Финска

Камера: Сари Аалтонен | Режија: Сузана Хелке

„Безмилосни времиња – песни за негувањето“ е документарен филм со хорски живи слики – „табло виван“, сопоставени со документарни епизоди, кој ја доловува актуелната криза во финскиот сектор за нега на стари лица. Со својот мрачен хумор, и понекогаш морничави, но трогателни моменти, филмот го прикажува разоткривањето на суштината (етосот) зад грижата за постарите граѓани на нордиските социјални општества, расветлувајќи ја неусогласеноста помеѓу етичките и економските основи на давањето нега и грижа.

Scroll to Top