Manaki Brothers

МАСТЕРКЛАС НА ЖАН МАРИ ДРУЖУ И ПРЕМИЕРА НА „ЛЕНА И ВЛАДИМИР“, ЗА КРАЈ НА ОВА ИЗДАНИЕ НА ИФФК „БРАЌА МАНАКИ“

На последниот фестивалски ден, финскиот кинематографер, Тимо Салминен и неговата француска колешка, Каролин Шампетие, во Офицерскиот дом во 11 часот ќе одржат прес-конференција. Веднаш потоа прес ќе имаат и Душан Кардалевски заедно со тимот на филмот „Лена и Владимир”, како и кинематограферот Стефан Ѓоргиевски.

Во 12:30 во киното „Манаки“ Жан Мари Дружу ќе одржи работилница на тема, Снимањето на „Нотр Дам гори“. Подоцна, во 15:30 во ова кино ќе се прикажат филмови од студентската програма. „Зборувај ми“, кој трае 21 минута, „Килибарно и зелено“ кој трае 9 минути, како и „Светови горат сред сенките“ во времетраење о 20 минути.

Од 17 часот во киното „Манаки“ продолжуваат да се прикажуваат проекции од документарната програма – „Никогаш не враќај се“ на кинематограферот Симон Феронег кој трае 17 минути, „Безмилосни времиња – песни за негувањето“, чиј кинематографер е Сари Алтонен и кој трае час и половина.

Исто така во 17 часот во Центарот за култура, во рамки на специјалната селекција ќе се прикаже „Американскиот вонземјанин“, како и „Свињите одат во рајот“, на кинематограферот Бранко Лита.

Во 20 часот во Центарот за култура ќе се одржи церемонија на затворање на 44. издание на ИФФК „Браќа Манаки“. Во рамки на официјалната селекција камера 300, премиено ќе биде прикажан „Лена и Владимир“ (1 час и 35 минути), во режија на Игор Алексов, а за чија кинематографија е задолжен Душан Кардалевски. 

Scroll to Top