Manaki Brothers

БЕЗБЕДНО МЕСТО

Хрватска, Словенија | 2022 | 102’

22.09.2024 | 19:00 | Кино Манаки
Режија: Јурај Леротиќ | Улоги: Јурај Леротиќ, Сњежана Синовчиќ, Горан Марковиќ

Еден потресен настан, обид за самоубиство, создава раскол во секојдневниот живот на семејството. Нивните животи фундаментално се менуваат, како да водат војна невидлива за сите други.

Кинематографер: Марко Брдар, ZFS

Марко Брдар е наградуван кинематографер кој живее во Љубљана и во Загреб. Тој е познат по филмовите „Безбедно место“ (2022), „Инвентура“ (2021), „Основите на убивањето“ (2017), како и по филмот „Мамо“ (2016). Филмовите што ги снимил се прикажани на меѓународни филмски фестивали, како што се Канскиот фестивал и фестивалите во Венеција, во Берлин, во Локарно, во Ротердам и многу други.