Manaki Brothers

Манаки ко-продукциски форум со Франција

Манаки ко-продукциски форум со Франција

Повик за аплицирање

Квалификувани проекти за аплицирање: долгометражни (над 70 минути) играни филмови во развој, наменети за кино прикажување, со (најмалку) обезбедено национално финансирање и со потенцијал за ко-продуцирање со Франција

Квалификувани земји за аплицирање: С. Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово

Потребни документи (на англиски јазик):
– сценарио
– тритмент (до 4 страни)
– синопсис (до 2000 знаци/карактери со вклучени празни места/спејсови)
– логлајн
– режисерска експликација (до 3000 знаци/карактери со вклучени празни места/спејсови)
– био-филмографија на режисерот (до 2000 знаци/карактери со вклучени празни места/спејсови)
– био-филмографија на продуцентот (до 2000 знаци/карактери со вклучени празни места/спејсови)
– доказ за национално финансирање
– финансиски план
– план на продукција / оперативен план
– експликација на потенцијалот на проектот за ко-продуцирање со Франција (до 1500 знаци/карактери со вклучени празни места/спејсови)

Проектите аплицирајте ги како единечен PDF фајл (до 10 мегабајти) на office@manaki.com.mk

За учество на Манаки ко-продукцискиот форум со Франција ќе бидат селектирани пет проекти

Претставникот на секој од селектираните пет проекти ќе има еден на еденсостаноци со тројца француски продуценти на 26 септември 2024 година во Битола

Фестивалот (ИФФК Браќа Манаки) ќе ги покрие патните трошоци и сместувањето за еден претставник на секој селектиран проект

Аплицирањето е бесплатно

Краен рок за аплицирање е 19 август 2024

Селектираните проекти ќе бидат објавени на 2 септември 2024

Scroll to Top