ИФФК „Браќа Манаки“, како партнер на OFF Pro маркетот, ја додели наградата за проект со најголем визуелен потенцијал
Во рамките на 16-тиот „Телемах Младински филмски фестивал Сараево“ (OFF), се одржа и 5-тиот OFF Pro Short Film Market, индустриска иницијатива на Фестивалот за развој на кратки филмови. На маркетот беа претставени 12 проекти.
ИФФК „Браќа Манаки“, како партнер на OFF Pro маркетот, ја додели наградата за проект со најголем визуелен потенцијал на српскиот „Imaginary Numbers“, на режисерката Јелица Јериниќ и продуцентката Драгана Антиќ.
Програмата ја отворија раководителот на OFF Pro маркетот, Ханис Багашов, и културниот аташе на Република Франција за Балканскиот Регион, Laëtitia Kulyk. Француската амбасада во Босна и Херцеговина е главен спонзор на овогодишната програма.
Комплетна листа на наградените филмови: