Manaki Brothers

ФИЛМОВИ ВО ЧЕСТ НА ЛАУРЕАТИТЕ

Филм во чест на Јоланта Дилевска

Тулпан

22.09.2024 | 21:00 | Кино Манаки

Казакстан, Германија, Швајцарија, Русија, Полска | 2008 | 100’

Камера: Јоланта Дилевска | Режија: Сергеј Дворцевој

Аса, неодамна ослободен од војска, патува кон казахстанските степи. Тој почнува да живее со својата сестра, нејзиниот сопруг и нивните деца во едно мало село во сувите рамнини. Аса сонува да стане овчар, но прво треба да најде жена.

Филм во чест на Бруно Делбонел

Амели

24.09.2024 | 21:00 | Кино Манаки

Франција, Германија | 2001 | 120’

Камера: Бруно Делбонел | Режија: Жан-Пјер Жуне

И покрај тоа што е заробена во светот на фантазијата, Амели Пулен, младата келнерка која живее сама и работи во едно париско кафуле, одлучува тајно да им помогне на луѓето околу неа да најдат среќа. Нејзината мисија да шири радост ја води на патување на кое ја наоѓа вистинската љубов.

Филм во чест на Роби Милер

РОБИ МИЛЕР: ЖИВЕЕЊЕ НА СВЕТЛИНАТА

25.09.2024 | 19:00 | Кино Манаки

Холандија, Германија | 2018 | 86’

Камера: Роби Милер, Клер Пиџман | Режија: Клер Пиџман

Директорот на фотографија Роби Милер е еден од ретките луѓе во светот кој знае да го користи сонцето. Како да ги фати зраците како пеперутки и како да ги истакне како акорди. За да го реализира овој извонреден филмски есеј, режисерката и кинематограферка Клер Пијман добила пристап до личната архива на Милер.

Scroll to Top