УБИЈ ГИ ПРВО ДЕЦАТА
С. Македонија | 2024 | 106’
27.09.2024 | 20:00 | Центар за култура
27.09.2024 | 20:00 | Центар за култура
Режисер: Димитар Оровчанец | Улоги: Миа Жиро, Мартин Ѓоргоски, Стефан Спасов
„Убиј ги прво децата“ е комична приказна за тинејџерка балерина, нејзиниот лудо вљубен дечко и неговиот налудничав најдобар другар со украден полициски пиштол, кои се губат во најдлабоките лавиринти на скопското криминално подземје заради мобилен телефон што содржи компромитирачко видео.
Кинематографер: ВЛАДИМИР САМОИЛОВСКИ
Владимир Самоиловски е наградуван македонски кинематографер со над 50-годишно искуство. Тој работел на повеќе од 60 долгометражни и краткометражни филмови. Филмовите на кои работел се прикажувани на фестивалите во Кан, Ротердам, Токио, Сараево и на многу други филмски фестивали.