Селекторот на студентската програма, Ѓорги Пулевски, присуствуваше на еден од најголемите и најстарите студентски филмски фестивали во светот, 41. издание на „Филм скул фест“ (Munich International Festival of Filmschools) во Минхен, Германија.
Пулесвки, за време на фестивалот се сретна со директорката на фестивалот, Диана Илјине, како и со неколкумина професори од европските и светските филмски академии.
Посетата на овој фестивал, Пулевски ја искористи за да го промовира нашиот фестивал ИФФК „Браќа Манаки“, посебно новиот натпреварувачки и европски карактер на студентската програма. Посетата беше добра можност да се погледнат најновите и најдобрите 40 краткометражни студентски филмови од вкупно 21 земја.