Во официјалната селекција на 44. ИФФК „Браќа Манаки“ беше прикажан филмот „Само реката си тече“. Тоа е кинески филм од жанрот драма, од 2023 година во режија на Веи Шуџун, кој заедно со Канг Чунлеи е автор и на сценариото, со Жу Јилонг во главната улога.
-Жу во Кина е суперѕвезда, тој е прекрасен човек и кога работиме на филм многу разговараме и гледаме филмови, раскажа Ченгма Жијуан, кинематографер на филмот.
Филмот е заснован на краткиот роман на Ју Хуа „Грешки покрај реката“ и го следи полицискиот началник додека истражува серија убиства во град покрај река во рурална Кина во 1990-тите. Беше избран да се натпреварува во делот Un Certain Regard на 76-от Кански филмски фестивал во мај 2023 година.
-Чувството на сон сакав да се разликува од вообичаената на филмот. Се трудевме филмот да биде оригинален, уникатен, но немае никакви референци. Се надеваме дека нашиот филм ќе биде единствен, рече Ченгма Жијуан, кинематографер на филмот „Само реката си тече“ на денешната прес конференција.
Навидум ноар, филмот е потсетник на алтернативните наративни перспективи и филмската софистицираност кои ја придвижија кинематографијата напред, оцени Variety, додека South China Morning Post објави: „Само реката тече“ е сместена во сива, провинциска Кина во 1990-тите, ера донесена со живописно оживување преку дигитална камера и снимки снимени на филм од 16 мм.
Тој работи во Националната телевизиска мрежа во Јужна Кореја и рече дека честопати филмската индустрија соработува со нив, па така го добил и овој ангажман за снимање.
-Нашата цел беше да направиме филм што нас ќе ни се допаѓа, што ќе изгледа онака како што ние сакавме, рече Ченгма Жијуан.
Џу-Јеол Хан е кинематографер на филмот „Ѓавол во езерото“. Станува збор за хорор филм, полн со изненадувања и вистински податлив за секој кинематографер.
-Се обидовме со светлината да го прикажеме нејзиниот морничав карактер, но во текот на фимот се дознава дека таа всушност била многу топла и добра мајка и затоа на почетокот на филмот таа е снимена со синкасти тонови, но потоа се повеќе користев црвени тонови, за на крајот тие да бидат сосема топли тонови, објасни Џу-Јеол Хан.
Режисерот и сценарист Лука Коасин и нековиот кинематографер Стефано Бјанки на прес-конференција проговорија за кусиот филм „Ајкен“, ккој беше прикажан во специјалната програма за куси филмови.
Коасин е добитник на малата златна камера 300 за филмот „Парк“. Како професионален кинематографер снимил над стотина кратки и долгометражни филмови, но овој пат е во улога на режисер.
-Јас и понатаму останувам, пред се, кинематографер, но режирам и музички спотови. Режисерот треба секогаш да го избира кинематограферот, режијата е занает, ви дава авторот задача и вие си ја следите. Филмот најпрво требаше да се вика Аркан, но подоцна дознавме дека така се вика еден воен злосторник и потоа го сменивме во Ајкен. Филмот се базира на музиката, се прикажува на фестивали како експеримент и бидејќи е многу податлива форма за снимање веќе работиме на продолжение, раскажа Коасин.
За Стефано Бјанки ова било прекрасно искуство, бидејќи разговарал со некој што разбирал што зборува. Едноставно се чувствувал безбеден бидејќи имал уште еден кинематографер во Лука Коасин, на снимањето.