Manaki Brothers

Претседателот на Друштвото на филмски работници на Македонија Игор Иванов-Изи објави дека признанието „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ што го доделува ДФРМ за исклучителен придонес во македонската кинематографија, годинава ѝ припадна на Лабина Митевска, актерка и продуцентка.

Актерската кариера Митевска jа започна во 1994. година со една од главните улоги во филмот „Пред дождот“ во режија на Милчо Манчевски, филм што таа година го доби „Златниот лав“ на фестивалот во Венеција. Потоа следи успешна меѓународна актерска кариера, а подоцна и завидна продуцентска кариера преку бројни успешни краткометражни и долгометражни играни филмови кои се прикажуваат на најзначајните светски фестивали, како „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ во официјалната селекција на Берлинале и финалист за престижната европска награда „Лукс“, и „Најсреќниот човек на светот“ на Венецискиот филмски фестивал.

Митевска е и поранешен долгогодишен директор на нашиот фестивал.

Scroll to Top