Manaki Brothers

ВЕТЕНАТА ЗЕМЈА

Данска, Германија, Шведска | 2023 | 127’

23.09.2024 | 21:15 | Центар за култура
Режија: Николај Арсел | Улоги: Мадс Микелсен, Аманда Колин

Во 1755 година, осиромашениот капетан Лудвиг Кален тргнува да гo освои суровиот и неплодни дански север, со навидум невозможна цел: да изгради колонија во името на кралот. Во замена за тоа, тој ќе добие благородничка титула, нешто што очајнички го посакува. Но, единствениот владетел во областа, немилосрдниот благородник Фредерик де Шинкел, самобендисано верува дека оваа земја му припаѓа нему.

Кинематографер: РАСМУС ВИДЕБЕК

Расмус Видебек е дански кинематографер познат по филмовите „Ветената земја“ (2023), којшто му ја донесе наградата за најдобар европски кинематограф на ЕФА, „На крадење коњи“ (2019), добитник на „Сребрена мечка“ на Фестивалот во Берлин за исклучителен придонес во кинематографијата, како и по филмовите „Темната кула“ (2017) и „Кралска афера“ (2012).

Scroll to Top