Роберт Дејвид Јеоман, АДК/ASC, е Американски кинематографер, најпознат по соработките со режисерот Вес Андерсон. Бил номиниран за наградите Оскар и а БАФТА за „Хотелот Гранд Будапест“ (2014), и има освоено бројни други награди, вклучително и наградата „Индепендент спирит“.
Првото искуство на Јеоман со камерата било како директор на фотографија на втората екипа на филмот „Да се живее и да умре во ЛА“ (To Live and Die in LA), во режија на Вилијам Фридкин во 1986 г. Продолжил со снимање на многу независни филмови, меѓу кои и филмот „Драгстор Каубој“ на Гас Ван Сант за што ја доби Наградата „Индепендент спирит“ за најдобра камера – филмот „Лигњата и китот“ (The Squid and the Whale) на Ноа Баумбах и „Догма“ (Dogma) на Кевин Смит.
АСТЕРОИД СИТИ
US | 105'
26.9.2023 | 19:00 | ЦЕНТАР ЗА КУЛТУРА
26.9.2023 | 19:00 | ЦЕНТАР ЗА КУЛТУРА
Режисер: Вес Андерсон | Актери: Џејсон Шварцман, Скарлет Јохансон, Том Хенкс
По претрпената загуба, таткото патува со своето семејство – фанатици за технологија, кон малиот рурален „Град на астероидите“ за да учествуваат во младински натпревар во астрономија и иновации, без да е свесен дека таму засекогаш ќе му се смени светогледот.