Manaki Brothers

ИЗБЕГАНИ КУКЛИ

САД | 2024 | 84’

26.09.2024 | 21:15 | Центар за култура
Режија: Итан Коен | Улоги: Маргарет Куoли, Џералдин Висуанатан, Мет Дејмон, Педро Паскал

Џејми се кае за раскинувањето со својата девојка, а на Маријан ѝ треба опуштaње. Во потрага по нов почеток, тие тргнуваат на неочекувано патување до Талахаси, Флорида. Работите брзо тргнуваат наопаку кога ќе се сретнат со група не многу вешти криминалци.

Кинематографер: АРИ ВЕГНЕР, ACS, ASC

Ари Вегнер е австралиска кинематограферка позната по филмовите „Моќта на кучето“ (2021), којшто ѝ донесе номинација за Оскар, номинација за ASC награда и номинација за БАФТА, потоа „Чудото“ (2022), „Зола“ (2020), номиниран за наградата „Спирит“ за најдобра кинематографија, „Во ткаенина“ (2018) и „Лејди Макбет“ (2016), добитник на Британска награда за независен филм за најдобра кинематографија.

Scroll to Top