Manaki Brothers

НА КИНО ПА ОЛАБАЈ СО МАНАКИ ОФФ

“На кино па Олабај” со Манаки Off
20–27 септември 2024

Во срцето на Битола, каде што се надоврзуваат реалноста и фантазијата, се наоѓа простор исполнет со илузии, филмски и уметнички приказни. Ова место е повеќе од физички простор; тоа е врата кон светови каде што можностите се безгранични, а новите чувства и доживувања испаруваат од секоја пора на каменот.

„На Кино па Олабај“ е почетната точка на твоето лично поврзување со филмот. Не заборавај “кој ти е филмот”, “тепај си го филмот и око да не ти трепни” затоа што Олабај е на Манаки, а Манаки сите не’ кадросва.

20 септември (петок), 20:00, кино Манаки

Проекција на документарниот филм „Патување пеш“ (The Walk) на режисерката Тамара Котевска

21 септември (сабота), 19:00, Центар за култура

„Џиновска книга на црвениот тепих“ – 45 години Интернационален фестивал на филмска камера Браќа Манаки

Развојот на Меѓународниот фестивал на филмска камера Браќа Манаки преку креативните визуелни решенија, занимливости и факти во изминатите 45 години

23–27 септември (понеделник-петок), 11:00–19:00, КЦ Магаза

Илузиум „Кој ти е филмот?“
Креативна поставка која ќе те понесе во сопствениот филм, а понатаму, што ќе правиш со тие кадри е само твоја одлука. Поставка која ја поттикнува фантазијата, ја храни интелегенцијата, ја раскажува историјата и ја меморира сегашноста.

23 септември (понеделник), 18:00, КЦ Магаза

Промоција на Фото-монографијата „Костимот во Македонија од појавата на фотографијата до денес“ на авторката Зорка Тодорова-Младеновиќ
Промоторка: Наде Геневска-Брачиќ

24–27 септември (вторник-петок), Мала сала на Центар за култура

Филмска работилница за млади “Наследниците на Манаки“ под менторство на кинематограферот Димо Попов и режисерката Марија Џиџева

24 септември (вторник), 17:00, КЦ Магаза

Елисиски ехо: Поезијата на меморијата на слободата“ Изложба на фотографии, графики и видео-арт
Автор: Игор Трајковски Фоја – писател, фотограф, сценарист, графичар, уметник

25 септември (среда), 12:00, КЦ Магаза

12.00 часот: Работилница за изработка на накит “Chaotic Charming Creations” („Хаотични Шармантни Креации“) – Сташа Божиновска

26 септември (четврток), 17:00, КЦ Магаза

Mотивациска изложба: „Биди малку смела“ на Ангела Христовска

27 септември (петок), 17:00, КЦ Магаза

Kреативни уметнички работилници by SOLAK

Scroll to Top