Кинематографер: Лора Колер | Режисер: Маја Бресинк
Ноќ во која татко и ќерка шетаат по улиците на градот. И бараат нешто за јадење. Но, всушност, ја бараат меѓусебната врска. Не се расправаат. Едноставно немаат што да си кажат.
МЕТАМОРФОЗА
Италија | 2024 | 20’
Кинематографер: Владимир Трифонов | Режисери: Томасо Мацарини, Веселин Неделчев
Младо момче, талентирано за роботика, е затворено во една вила во бруталистички стил и е запоставено од родителите, кои се внесени во работата. Во својата осаменост, за да ја пополни оваа празнина, тој создава напредна машина.
Ерик влегува во „Спиди Ромео“, ресторан во Бруклин, на својот прв работен ден како келнер. По низа обични задачи и незгодна средба со еден гостин, тој се буди во замрзнувачот во подрумот.
ОРЕЛОТ АЛБИНО
Србија | 2024 | 19’
Кинематографер: Џејлан Ибрахимовиќ | Режисер: Марко Марјановиќ Маринциќ
Авторот Палош Палошевич се наоѓа во безнадежна ситуација кога тројца трагачи доаѓаат во неговиот дом барајќи ја митската статуа од орелот Албино, која авторот опсесивно ја опишува во своите книги. Користејќи ја својата вештина за раскажување, авторот се обидува да си го спаси сопствениот живот.
24.09.2024, 17:00 | Кино Манаки |56’
АНАНСИ
Франција | 2023 | 20’
Кинематографер: Марго Бесон | Режисер: Од Нуесан Форже
Еден, фризерка од африканско потекло, се обидува сама да ги надмине постојаните болки во стомакот. Досега лекарите не слушнале за таков случај, па таа се обидува да се лекува самата. Но кога болките се пресилни, секојдневието ѝ станува неподносливо.
Саман, без да знае, предизвикува да го отпуштат неговиот колега. Тој и неговите двајца колеги сега имаат дилема. Или да ја оспорат одлуката, или да се држат настрана.
На секој час по теорија на музиката, Марко и Борис палаво се задеваат еден со друг во задниот ред. Еден ден, додека го слушаат „Лебедово езеро“ од Чајковски, вообичаеното задевање на тинејџерите ја открива вистината за нивните чувства еден кон друг.
26.09.2024, 17:00 | Кино Манаки | 65’
МЕСТО НА ПОМИНУВАЊЕ
Шпанија | 2024 | 13’
Кинематографери: Давид Д. Виљегас, Вирхинија Рита Луенго | Режисер: Марија Олмедиља
Нурија и нејзиниот татко се заглавени на автопатот на пат кон нивниот град. Иако ризикуваат да бидат принудени да поминат повеќе време заедно отколку што се навикнати, тие одлучуваат пешки да се упатат до најблискиот мотел. По пат ќе сфатат дека растојанието меѓу нив е уште поголемо отколку што мислеле.
ЕЛКА
С. Македонија | 2024 | 20’
Кинематографер: Јован Ангелески | Режисер: Лука Јованоски
Старец се бори со тагата по смртта на сопругата, кога ќе запознае млада девојка со мистични моќи која, иако непозната за него, му е поблиска пријателка отколку што тој може да претпостави.
Кучка побегнала од својот сопственик за да ги спаси своите кученца, но тој одлучил да ги убие кученцата.
ОТВОР ЗА СВЕТЛИНА
Белгија | 2023 | 17’
Кинематографер: Максим Лахус | Режисер: Тим Јанс
На Џејсон му е последен ден во затворот за малолетници. Со нетрпение очекува повторно да се сретне со мајка си, која му ветила подобар живот. Кога Џејсон е повторно оставен сам на себе, сè излегува од контрола.