Manaki Brothers

СОВРШЕНИ ДЕНОВИ

JP, DE | 123'
26.9.2023 | 21:15 | ЦЕНТАР ЗА КУЛТУРА
Режисер: Вим Вендерс | Актери: Јуни Асо, Токио Емото, Сајури Ишикава

Навидум, Хирајама е апсолутно исполнет со едноставниот живот како чистач на тоалети во Токио. Покрај својата строго структурирана секојдневна рутина, ужива и во страста кон музиката и книгите. Многу сака дрвја и често ги фотографира. Низа непредвидени средби постепено откриваат нешто повеќе за неговото минато.

КИНЕМАТОГРАФЕР: ФРАНЦ ЛУСТИГ

Франц Лустиг е најпознат по неговата работа како кинематографер на двата американски филма на Вим Вендерс „Земја на изобилие“ (Land of Plenty) од 2004 година и „Не ми доаѓај на врата “ (Don’t Come Knocking) од 2005 година, како и „Пукање во Палермо“ (Palermo Shooting) од 2008 година.
За „Не ми доаѓај на врата“ ја понесе Европска филмска награда како „Европски кинематографер за 2005 година“. Неговиот видео спот „Имам вуду во крвта“ (Voodoo in my Blood) на „Масив атак“ (Massive Attack) беше награден со „Златна жаба“ за најдобар музички видео спот на Филмскиот фестивал „Камеримаж“ во 2017 година.
Франц Лустиг е член на Германската филмска академија и на Европската филмска академија.

Scroll to Top