Manaki Brothers

НОСТАЛГИЈА

IT, FR | 117'
24.9.2023 | 21:15 | ЦЕНТАР ЗА КУЛТУРА
Режисер: Марио Мартоне | Актери: Пјерфранческо Фавино, Франческо Ди Лева, Томазо Рањо

По четириесетгодишно отсуство, Феличе се враќа во родниот град: Неапол. Одново ги открива местата и непишаните правила на градот, како и минатото што го гризе однатре.

КИНЕМАТОГРАФЕР: ПАОЛО КАРНЕРА

Паоло Карнера ја започнал кариерата како кинематографер со филмовите на неколку поранешни соученици од „Чентро спериментале ди кинематографија“ (Centro Sperimentale di Cinematographia), особено оние на Франческа Арчибуги, како кинематограпфер на неколку од нејзините кратки филмови, а подоцна и на нејзиниот втор и трет долгометражен игран филм. Работел и со Паоло Вирзи на неговите први два филма. Во 2012 година Карнера бил номиниран за наградите Давид ди Донатело за најдобра камера и Настро д’Арџенто во истата категорија за крими-драмата „ACAB – Сите цајкани се копилиња“ ACAB – All Cops Are Bastards). Филмот од 2020-та „Лоши приказни“ на Карнера му ја донесе наградата Настро д’Арџенто за најдобра камера. Карнера работел и како директор на фотографија на адаптацијата на „Белиот тигар“ (The White Tiger) на Рамин Бахрани од 2021 година.

Scroll to Top