Категорија: вести

  • Отворен повик: КАДАР-НА – регионална програма за оснажување на жените во филмската индустрија

    Отворен повик: КАДАР-НА – регионална програма за оснажување на жените во филмската индустрија

    Отворен повик: КАДАР-НА – регионална програма за оснажување на жените во филмската индустрија

    Што претставува проектот КАДАР-НА? (анг. HER FRAME, во буквален превод „Нејзин кадар“)
    Проектот Кадар-на е иницијатива што се стреми да ги проблематизира родовите нерамноправности во медиумските уметности и филмскиот сектор на Западен Балкан, со посебен фокус врз Србија и Северна Македонија, поконкретно двата Креативни града на УНЕСКО – Нови Сад (медиумска уметност) и Битола (филм). Проектот е осмислен како сеопфатна програма со која младите талентирани девојки ќе се оснажат да остварат кариера во креативните индустрии и да се залагаат за вклучување на родовата перспектива во медиумските уметности и филмот.

    Постоењето на родовата нерамноправност е утврдено на сите нивоа во аудиовизуелната индустрија, без разлика дали се работи за плати, бариери на патот кон личен напредок, (сексуално) вознемирување, недостаток на содржини чии авторки се жени, итн. Една од најголемите пречки за родовата рамноправност (или еднаквост) во аудиовизуелниот сектор е недостатокот на жени на одлучувачки места. Во креативната индустрија, жените честопати се недоволно застапени или се третираат и промовираат на начин кој се коси со поимите на почит и достоинство. Медиумската уметност и филмската индустрија во Западен Балкан се соочуваат со сериозни родови јазови, кои го ограничуваат учеството и напредокот на жените. И покрај богатата културна историја и талент во регионот, жените што дејствуваат во овие области се соочуваат со системски бариери, меѓу кои и родова пристрасност, недостаток на пристап до финансиски средства и менторство, и ограничена застапеност на раководни улоги. На ваков начин се попречува развојот на динамична, инклузивна и правична креативна индустрија.

    Оваа програма е наменета за нови и млади уметници, филмски работнички кои сакаат да ги усовршат своите знаења и вештини со поддршка од истакнати експерти од филмскиот свет, преку онлајн работилници и интензивна менторска програма.

    Проектот „Кадар-на“ е поддржан од Британскиот совет како дел од проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“ (анг. Culture and Creativity for the Western Balkans – CC4WBs), кој е финансиран од Европската Унија и има за цел да го поттикне дијалогот во Западен Балкан преку зајакнување на културните и креативните сектори за да се оствари поголемо социоекономско влијание. Проектот „КАДАР-НА“ е во заедничка реализација на Филмскиот фестивал во Нови Сад и Филмскиот фестивал „Браќа Манаки“.

    Кој може да се пријави?
    Бараме кандидатки од Западен Балкан, кои се по можност на возраст од 18 – 35 години и кои се во раните фази на својата кариера, како и студентки и кандидатки кои неодамна го завршиле факултетското образование, по можност од областа на филмот. Пожелно е учесничките да имаат филмски проект во подготовка. Сепак, дозволено е и аплицирање со целосно нов проект.

    Критериуми за избор (селекција)

    Како да се пријавите?
    Рокот за заплицирање е продолжен до 20 јуни. За да се пријавите, неопходно е да го пополните формуларот даден тука.
    Ќе стапиме во контакт преку е-пошта само со избраните учеснички.

    Линк за пријавување

    Што добиваат учесничките?
    5 онлајн работилници – од 20/08/2025 до 15/09/2025

    • 4 онлајн работилници со експертки од филмскиот свет на следните теми:
      • Сценарио за анимиран филм – Сања Поштиќ (Србија)
      • Режија – Дина Дума (С. Македонија)
      • Кинематографија – Бојана Андриќ (Србија, САД)
      • Дистрибуција – Драгана Тешиќ (Србија)
    • 1 заедничка работилница со сите менторки за проектот да се подготви за кратко претставување (анг. pitch) и да се дефинираат сите пречки со кои се соочуваат жените во светот на филмот
      • Секоја работилница трае по 2 часа
    • 2 конференции9.2025 (Нови Сад) и датумот дополнително ќе се утврди (Битола)
      • Пристап до голема конференција за положбата на жените во филмскиот свет за време на Филмскиот фестивал во Нови Сад (Србија) и Филмскиот фестивал „Браќа Манаки“ (С. Македонија)
    • Програма со 3 мастер-класови – 17.09.2025 – 30.09.2025.
      • Програма на првиот мастерклас – за време на овој мастерклас, сите учеснички ќе ги имаат кратко претставување на своите проекти во времетраење од 5-7 минути (анг. Pitching)
      • Програма на вториот мастерклас – за време на овој мастерклас, менторките заедно со организаторите на фестивалот избираат 4 учеснички кои ќе влезат во менторската програма
      • Програма на третиот мастерклас – за време на овој мастерклас, четирите финалистки работат со 4 менторки на својот проект и се подготвуваат за последната фаза – изложувањето
    • Менторска програма – 1.10.2025 – 5.12.2025.
      • Онлајн работа еден на еден меѓу менторката и учесничката и подготовка на проектот за претставување пред јавноста
    • Претставување – 10.12.2025.
      • Претставување на најуспешните проекти

    Работниот јазик на севкупната програма е: англискиот јазик. 

    Колку долго трае проектот?
    Заедно со фазата на пријавување, проектот трае 8 месеци. Последната фаза е настанот во Нови Сад во декември на кој ќе бидат претставени најуспешните проекти.

    Информации за контакт
    За било какви дополнителни информации и/или појаснувања слободно обратете се на marketing@nsff.rs

    Повикот е отворен до 9 јуни.
    Повеќе информации и линкот за апликација: nsff.rs и manaki.com.mk

  • Димитрија Доксевски избран за директор на ИФФК „Браќа Манаки“

    Димитрија Доксевски избран за директор на ИФФК „Браќа Манаки“

    Актерот Димитрија Доксевски е новиот директор на ИФФК „Браќа Манаки“

     

    Актерот Димитрија Доксевски на денешното свечено Собрание на Друштвото на филмски работници (ДФРМ) беше избран за нов директор на Меѓународниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“.

    Според статутот на ДФРМ, мандатот на Димитрија Доксевски важи за следните две изданија на фестивалот.

    Димитрија Доксевски ја презентираше својата предлог-програма на фестивалот и се заложи дека ќе работи на зачувување на реномето што го има овој интернационален фестивал на филмска камера, соопшти ДФРМ.

    Димитрија Доксевски е македонски филмски и театарски актер, сценарист и продуцент, роден на 28 јули 1983 година во Скопје. Дипломирал актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје во 2006 година во класата на проф. Кирил Ристоски, а во 2014 година магистрирал режија на истиот факултет во класата на проф. Слободан Унковски. Својата професионална кариера ја започнал во Македонскиот народен театар во 2006 се до 2011. Продолжил кратко да работи во Кумановскиот театар во прериодот од 2011 до 2013, по што во 2014 година се приклучил на ансамблот на Драмски театар Скопје и се до денес е активен член на тој театар. Покрај настапите на матичната сцена, Доксевски има учествувано и во претстави на други театарски сцени низ Македонија, како и во филмски и телевизиски проекти во и надвор од Македонија.

    Учествувал во организирање и продуцирање повеќе театарски претстави, организирање на повеќе од 20 музички настани со артисти од целиот свет, продуцирање и организација на 2 големи музички (open air) фестивали со повеќе од 20 интернационални изведувачи, продуцирање и реализација на кратки филмови, играни видеа за деца и театарски претстави.

    ИЗБОР НА ПРОЕКТИ:

    ТЕАТАР:

    • 2025 – Претстава, “Ифигенија за ништо”, Агамемнон, Драмски театар – Скопје, Филип Петковски

    • 2024 – Претстава „Парови“ – Ана Трпеноска, Бизнисмен, Драмски театар – Скопје, Ивана Ангеловска

    • 2022 – Претстава „Кафез кај кокони“ – Жан Поаре, Мерцедес, Драмски театар – Скопје, Димче Николоски

    • 2020 – Претстава „Диши“ – Данкан Мекмилан, Тој, Драмски театар – Скопје, Димче Николоски

    2020 – Претстава „Хипноза за една љубов“ –Душан Ковачевиќ, Вонземјанинот, Драмски театар – Скопје, Димче Николоски

    • 2019 – Претстава „Пантаглез“, Мишел де Галдерод, Бамбула, Драмски театар – Скопје, Владимир Милчин

    • 2018 – Претстава „Фестен“ – Дејвид Елдриџ, Хелмут, Драмски театар – Скопје, Зоја Бузалковска

    • 2017 – Претстава „Франкенштајн“ – Мери Шели, Драмски театар – Скопје, Лилија Абaџиева

    • 2017 – Претстава „Вера, надеж и љубов“ – Одон фон Хорват, Дисектор, Драмски театар – Скопје, Лука Кортина

    • 2017 – Претстава „Кристофер Колумбо“ – Мирослав Крлежа, Адмирал, Драмски театар – Скопје, Љубиша Георгиевски

    • 2016 – Претстава „Буре барут“ – Дејан Дуковски, Кирил, Драмски театар – Скопје, Сашо Миленковски

    • 2016 – Претстава „Снежана и седумте џуџиња“ – Принцот, Драмски театар – Скопје, Димче Николоски, Александра Бошковска

    • 2015 – Претстава „Библијата“ – Срѓан Јанакијевиќ, Адам, Драмски театар – Скопје, Срѓан Јанакијевиќ

    • 2015 – Претстава „Безљубни“ – Благица Секуловска, Вистинскиот, Драмски театар – Скопје, Златко Славенски

    • 2014 – Претстава „Човекот што го изеде светот“ – Нис-Моме Штокман, Улф, Драмски театар – Скопје, Билјана Радиноска

    • 2014 – Претстава „Џон Пиплфокс“ – Душан Радовиќ, Арчибалд, Драмски театар – Скопје, Коле Ангеловски

    • 2014 – Претстава „Ждрело“ – Жанина Мирчевска, Тине, Драмски театар – Скопје, Зоја Бузалковска

    • 2013 – Претстава „Нажалена фамилија“ – Бранислав Нушиќ, Миќа, Театар Куманово

    • 2013 – Претстава „Духот на слободата“ – Горан Стефановски, Маноил, Театар Куманово, Лука Кортинa

    • 2012 – Претстава „Околиска болница“ – Христо Бојчев, Полковник Контузов, Театар Куманово, Јане Спасик

    • 2011 – Претстава „Црвенкапа и Пинокио“ – Драгана Лукaн, Волк, Театар Куманово, Нина Николик

    • 2011 – Претстава „АХАсфер“ – Василиј Сигарев, Едик, Театар Куманово, Ненад Витанoв

    • 2010 – Претстава „Не се клади на енглези“ – Владимир Џурџевиќ, Паун, Театар Куманово, Кирил Петрески

    • 2010 – Претстава „Печалбари“ – Антон Панoв, Зафир, Театар Куманово, Дејан Пројковски

    • 2009 – Претстава „Дона Жуана“ – Молиер, Дон Елвиро, Градски театар – Скопје, Патрик Вершурерн (Франција)

    • 2009 – Претстава „Подземни соништа“ – Благојче Божиновски, Театар Куманово, 

    • 2009 – Претстава „Р“ – Јордан Плевнеш, Монах, Градски театар – Скопје, Дејан Пројковски

    • 2008 – Претстава „Сите лица на Петре М. Андреевски“ – Јелена Цветановска, Драмски театар – Скопје, Владица Цветановски

    • 2008 – Претстава „Фигаро се разведува“ – Одон фон Хорват, Македонски народен театар – МНТ, Куштрим Бектеши

    • 2007 – Претстава „Големи очекувања“ – Ана Ристовска, Македонски народен театар – МНТ, Јован Ристовски

    • 2007 – Претстава „Соларис“ – Артур Кларк/Златко Славенски, Македонски народен театар – МНТ, Златко Славенски

    • 2006 – Претстава „Делириум за двајца“ – Ежен Јонеско, Македонски народен театар – МНТ, Дејан Пројковски

    • 2006 – Претстава „Флинк и Флидербуш“ – Драмски театар / Факултет за драмски уметности (ФДУ), Вероника Ригнал (Австрија)

    • 2006 – Претстава „Ништо без Трифолио“ – Русомир Богдановски, Кантарион, ФДУ/Македонски народен театар – МНТ, Студентска продукција за Финална година

    • 2005 – Претстава „Безимениот“ (современа адаптација на Софоклеовата Електра), Орест, Македонски народен театар- МНТ, Елени Боза (Грција)

    • 2005 – Претстава „Орестија“ – Ајсхил, Аполо, ФДУ, Студентска продукција за Трета година

    • 2005 – Претстава „Макбет“ и „Ричард III“ – Шекспир, Макбет и Ричард III соодветно, ФДУ, Студентска продукција за Трета година

    • 2004 – Претстава „Вујко Вања“ – Чехов, Астров, ФДУ, Студентска продукција за Втора година

    • 2004 – Претстава „Македонска крвава свадба“ – Спасе, ФДУ, Никола Ристов

    • 2004 – Претстава „Калигула“ – Албер Ками, ФДУ, Оливер Мицевски

    • 2003 – Претстава „Калигула“ – Албер Ками, Мереа, ФДУ, Никола Ристов

     

    Филмови:

    • 2023 – Тв-серија „Преспав“, Ниче, ОХО продукција, Игор Иванов Изи

    • 2022 – Краток филм „Кутии“, Полицаец, Дрим Фактори Македонија, Ангела Димеска

    • 2020 – Игран филм „ТМ“, Диме, Ми Филм, Ивица Димитријевик & Мартин Иванов

    • 2020 – Тв-серија „Зоки Поки“, Музејски едукатор, Кино Око, Александар Поповски

    • 2019 – Тв-серија „Фамилијата Марковски“, Патник, Даријан Пејовски

    • 2019 – Краток филм „Sjcker“, Полицаец, Cinema Futura, Георги М. Унковски

    • 2017 – Краток филм „48“, Свештеник, Dream Factory Macedonia, Владимир Митревски Ѓуле

    • 2016 – Краток филм „Случајот“, Siz & Klin producjon, Ивица Димитријевик

    • 2015 – Краток филм „Карма“, Круг филм продукција, Владимир Митревски – Ѓуле

    • 2015 – Игран филм „Медена ноќ“, Кавал филм продукција, Иво Трајков

    • 2014 – Краток филм „Шекспирова 9/1“, Македонски филмски фонд, Владимир Митревски – Ѓуле

    • 2014 – Краток филм „Враќање“, Македонски филмски фонд, Дина Дума

    • 2014 – Игран филм „До балчак“, Триангл филм, Сектор филм, Столе Попов

    • 2014 – Краток филм „Параболик“, Македонски филмски фонд, Мартин Иванов

    • 2012 – Игран филм „Трето полувреме“, Кино Око, Дарко Митревски

    • 2013 – Игран филм „Балканот не е мртов“, Кино Око, Александар Поповски

    • 2011 – Документарен филм „Земја“, Алек Русјаков

    • 2011 – Документарен филм „Луѓе без земја “, Марко Ѓоковиќ

    • 2009 – Краток филм „1955“, Фисник Зеќири

    • 2009 – Игран филм „Human Zoo“, Ри Расмусен

    • 2008 – Краток филм „Different“, Алек Русјаков

    • 2006 – Игран филм, „Превртено“ („Upside Down“), Сектор Филм Продукција, Игор Иванов Изи

    • 2006 – Игран филм, „9 пораки“, ФДУ, Дарко Белев

    • 2006 – Игран филм, „Боли ли“ (првиот Догме филм на Балканот), Анета Лешниковска

    • 2005 – Игран филм, „Караула“, Сектор Филм Продукција, Рајко Грлиќ

    • 2004 – Краток филм, „План Б“, ФДА, Иван Ѓорѓиевски

    • 2003 – Краток филм, „15 секунди“, ФДУ, Дарјан Пејовски

    ТВ:

    • Синхронизација краткометражни и долгометражни играни анимирани филмови

    • ТВ и радио реклами

    • Учество во неколку ТВ серии

    Фестивали:

    • 2013 – Учествувал на „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, Македонија со претставата „Духот на слободата“

    • 2012 – Учествувал на „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, Македонија со претставата „Околиска болница“

    • 2010 – Учествувал на „Браќа Манаки“ во Битола, Македонија (работел со кастинг-директорката Беатрис Кругер)

    • 2010 – Учествувал на „Sarajevo Talent Campus & Sarajevo Film Festival“ во Сараево, Босна и Херцеговина (работел со кастинг-директорката Ненси Бишоп)

    • 2010 – Учествувал на „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, Македонија со претставата „Не играј на Англичани“

    • 2009 – Учествувал на „Sarajevo Winter“ во Сараево, Босна и Херцеговина со претставата „Сите лица на Петре М. Андреевски“

    • 2007 – Учествувал на „Славија Фест“ во Белград, Србија со претставата „Делириум за двајца“

    • 2006 – Учествувал на „Олива 06“ во Тел Авив, Израел

    • 2006 – Учествувал на „Славија Фест“ во Белград, Србија со претставата „Безимениот“

    • 2006 – Учествувал на „Васил Шишков“ во Струмица, Македонија со претставата „Безимениот“

    • 2005 – Учествувал на „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, Македонија со претставата „Орестија“

  • Од камерата „Урбан Биоскоп“ со сериски број 300, до светска слава: „Браќа Манаки“ со престижна награда од Британското здружение на кинематографери

    Од камерата „Урбан Биоскоп“ со сериски број 300, до светска слава: „Браќа Манаки“ со престижна награда од Британското здружение на кинематографери

    Од камерата „Урбан Биоскоп“ со сериски број 300, до светска слава: „Браќа Манаки“ со престижна награда од Британското здружение на кинематографери

    ИФФК „Браќа Манаки” – добитник на престижната BSC Special Achievement Award.

    Британското здружение на кинематографери (BSC) ја додели својата специјална награда за достигнување (Special Achievement Award) на интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. Признанието му беше врачено на свечена церемонија во Лондон на директорот на фестивалот, Симеон Мони Дамевски

    На оваа церемонија се доделуваат годишните награди на BSC за животно дело, за кинематографери на студентски, краткометражни и долгометражни филмови, серии и технолошки достигнувања. Настанот е еден вид на британски Оскари за луѓе од кинематограферската и сродните професии.

    Оваа награда претставува исклучителна чест за фестивалот, кој веќе четири и пол децении ја слави уметноста на кинематограферите и ја истакнува нивната клучна улога во создавањето на филмската магија.

    Како најстар фестивал во светот посветен исклучиво на кинематограферите, „Браќа Манаки“ го носи наследството на Јанаки и Милтон Манаки, првите филмски хроничари на Балканот, чие дело ги постави темелите на визуелното раскажување во регионот.

    Британското здружение на кинематографери, едно од најголемите и најзначајните професионални здруженија во светската филмска индустрија ја доделува оваа награда како признание за поединци или групи на поединци што посветено ја слават кинематографијата и придонесуваат за нејзината афирмација. Во образложението на Британското здружение на кинематографери (BSC) се истакнува дека фестивалот „Браќа Манаки“ не само што ја негува оваа уметничка форма, туку и претставува платформа за нови генерации на кинематографери, кои со својата визија ја обликуваат иднината на светската кинематографија.

    Битола, родното место на браќата Манаки, повеќе од еден век е симбол на визуелната уметност и дом на овој значаен фестивал. Прекрасна коинциденција е што токму во Лондон, градот од каде што браќата Манаки ја набавија својата легендарна камера „Урбан Биоскоп“ произведена со сериски број 300, денес фестивалот што го носи нивното име добива вакво признание.

    – Битола е нашата вечна инспирација, градот каде што светлината и сенките танцуваат во хармонија создавајќи приказни што го надминуваат времето. Лондон, пак, е местото каде што нашите предци ја пронајдоа алатката за оваа магија- нивната камера „Урбан Биоскоп 300“ . Денес со ова признание се затвора кругот меѓу двата града поврзани преку љубовта кон филмот и уметноста на кинематографијата, вели директорот на ИФФК „Браќа Манаки“, Симеон Мони Дамевски.

    Ова признание доаѓа како потврда дека филмската уметност е жива, дека моќта на еден кадар е безвременска, дека светлината на кинематографијата секогаш го наоѓа својот пат, а тие што вредно работат за светот соодветно да ги чествува големите скриени мајстори без кои таа уметност не би постоела, не остануваат незабележани од нив и се почитуваат како најголеми пријатели.