Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ го најавува 47. издание со објавување на повикот за пријавување на филмови.
Пријавете се од 9 февруари до 20 јуни преку оваа платформа.
Награди кои се доделуваат на фестивалот:
• Златна, Сребрена и Бронзена камера 300 (официјален избор)
• Железна камера 300 (документарен филм)
• Мала камера 300 (краток филм)
• Кристална камера 300 (студентски филм)
Почесни награди:
• Златна камера 300 за животен опус
• Специјална камера 300 за особен придонес во светската филмска уметност
• Златна камера 300 за креативна синергија
• Голема ѕвезда на македонската кинематографија
Запишете го вашиот филм во филмската историја. Бидете дел од 47. МАНАКИ!