Конференција „Her Frame“: Жените во филмската индустрија се борат за родова еднаквост

Во рамките на проектот „Кадар-на“, кој ја истражува родовата нерамноправност во медиумските уметности и филмската индустрија на Западен Балкан, се одржа конференција „Her Frame“ во Битола. Проектот посебно се фокусира на младите талентирани жени во Србија и Северна Македонија, со цел да ги оснажи за кариера во креативните индустрии и да промовира родова перспектива во […]
Агентите ги градат кариерите на кинематограферите и ги поврзуваат со светот на филмот

Агентот во областа на кинематографијата им помага на филмските професионалци, да најдат работа, да преговараат и да градат професионална кариера. Агентот ќе ти даде работа, пари и ќе те направи славен, со ова се согласија агентките Луси Прајс, Сара Кемпбел и Ранџиндер Ханс, кои денеска во кино „Манаки“ дискутираа за тоа, која е главната улога […]
Копродукциски форум со Франција во рамките на ИФФК „Браќа Манаки“

Продолжува соработката во рамки на проектот ,,Копродукција помеѓу Франција и земјите од Западен Балкан”, кој се реализира со поддршка од Француската амбасада и Францускиот институт во Скопје. Во таа насока, во рамките на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, вчера во Офицерскиот дом во Битола се одржа затворен ко-продукциски форум со Франција, на кој […]
Воли Фистер на „Браќа Манаки“: За мене е многу е убаво кога се гледа филм снимен на филмска лента во кино сала

Последниве 12 години немам работено со режисерот Кристофер Нолан, но тоа е еден дел од мојата филмска историја. Започнавме со работа на „Мементо“ во 2000-та година и тогаш сфативме дека многу добро се согласуваме, лесно комуницираме. Продолживме да работим заедно и на некој начин учевме еден од друг. Неговата кариера од година во година оди во […]
Панел-дискусија: Жените зад камерата – како да се истакнете во филмската индустрија

На годинешниот ИФФК „Браќа Манаки“, на мастеркласот „Жените во кинематографијата“, беа понудени искрени совети и инспиративни приказни од жени кои успешно ја градат својата кариера зад камерата. Панел-дискусијата, модерирана од Вика Сафриџина од „Лајц“, ја обедини искуствената перспектива на кинематограферките и агентите кои стојат зад нивниот успех. Фриленс кинематограферката Франческа Зеренги го сподели своето искуство […]
Maстерклас Воли Фистер: Очајно сакав да станам кинематографер, не ми беше гајле дали ќе станам богат

Страста да бидaм во филмската индустрија е таа која ме водеше уште од раните почетоци во оваа работа. Јас и моjoт пријател Јануш Камински, очајно сакавме да станеме кинематографи. Не го правевме тоа за да бидеме богати, туку го правевме тоа поради страста кон филмот. Ни беше гајле за парите, рече денеска Воли Фистер, добитникот […]
Филм кој зборува со емоции: ИМАГО со омаж за Рон Јохансон во Битола

Во рамките на ИФФК „Браќа Манаки, во киното „Манаки“ во Битола во полната сала беше прикажан филм омаж во чест на Рон Јохансон, реномиран кинематографер и долгогодишен член на Меѓународната федерација на кинематографери – IMAGO, кој почина во јуни годинава. Проекцијата беше исполнета со силни емоции од колегите на Јохансон, кои преку филмот зборуваа за […]
Врачена наградата Златна камера 300 за животно дело на Дариус Конџи

Синоќа, во прекрасниот амбиент на Пионерски дом во Битола, на свеченост во чест на лауреатот на 46. издание на ИФФК „Браќа Манаки“, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков му ја врачи наградата Златна камера 300 за животно дело на годинешниот лауреат Дариус Конџи, кинематографер со исклучителна деценска кариера кој работел со импозантни режисерски имиња. […]
Мастерклас со добитникот на Златна Камера 300 за животно дело: Дариус Конџи – голема инспирација за младите кинематографери

Во рамки на ИФФК „Браќа Манаки“, преполното кино „Манаки“ во Битола денеска го пречека славниот кинематографер Дариус Конџи, добитник на Златна Камера 300 за животно дело, кој одржа инспиративен мастерклас пред студенти, филмски професионалци и љубители на филмската уметност. Мастеркласот на големиот Конџи во Битола, беше вистинска можност за учесниците да се запознаат со неговото […]
Дариус Конџи: Во работата најважно е да им помогнам на режисерите да ја остварат својата замисла

Дариус Конџи, лауреатот на Златна камера 300 за животен опус и потписник на прекрасни кадри кои говорат за неговата големина, денеска на прес конференција во Битола говореше за соработката со режисерите, начинот на работа на филм, но и за снимањето видео спотови… -Сакам да работам со добри режисери. Режисери со кои можам да остварам посебна […]