Леќите се душата на сторијата, а подготовката пред снимање филм е многу важна, ова беше заклучокот на денешната панел-дискусија нсловена како „Јазикот на стаклото – Како објективите го дефинираат раскажувањето на приказната“, која се одржа во киното „Манаки“ во Битола, во организација на германската компанија „Leitz“.
Кинематограферите Паскал Марин, Ник Ван Росум, Рејчел Кларк, Дејвид Мекфарланд и Лара Виланова, зборуваа за нивните искуства кога станува збор за изборот на леќи при снимањето филм, a модераторка на дискусијата беше Вика Сафрагиниа од „Leitz“.
На настанот, одговорните во „Leitz“ најпрво ги презентираа најновите Leitz Hector леќи. Рекоа дека за прв пат произвеле сет кој е посветен на безогледалните камери.
„Објективите се компактни и лесни, со заменлив приклучок за објективи, а инспирирани од нашето потекло од „Laica“. Ова се одлични објективи и едвај чекам да видам што кинематограферите ќе снимat со нив“, рекоа од „Leitz“.
Изборот на објективи е најважното нешто при снимањето филм, а при изборот влијаат многу фактори, согласни беа кинематограферите.
„Многу фактори може да влијаат на изборот на објективите. Јас лично најпрво го гледам сценариото, разговарам со режисерот, па правам тестови со повеќе видови објективи. Тоа зависи и од локацијата, дали се снима внатре, надвор Ако снимам со целосно отворена бленда, ќе имам сосема поинаков изглед“, рече Ник Ван Росум.
Кинематограферката Рејчел Кларк кажа дека кога го чита сценариото, важно ѝ е да смисли на кој начин сака да го раскаже истото низ камерата.
„Ги бирам прво објективите пред камерата, со која сакам да снимам. Ако се повторува изборот на леќите за секој проект, тоа може да значи дека не си истражувал доволно. Цело време се учи, согледуваме новини и откритија. Постојат комплетно различни локации и затоа треба да се користат различни објективи. Цело време соработувам со другите департменти за локацијата, движењата, светлината која ќе се користи, зборуваме за специфичните места“, рече Кларк.
За Лара Виланова, леќите се душата на сторијата.
„Најпрво кога го читам сценариото, имам многу идеи за тоа како да снимам. Многу повеќе е до емоцијата, до тоа, како да се развие емоција во сценариото. Таа емоција мора да биде прецизна, за да знам што сакам да доловам. Леќите ги одбирам подоцна. Тестирам неколку типови на леќи, некогаш ми треба текстура, некогаш контраст. Локацијата исто така е многу важна за кинемаографијата. Леќите се душата на сторијата. Некогаш продуценот ти вели, овие леќи ги имаш, со нив мора да се работи. И тоа го прифаќам и си велам, Јас можам да го сработам тоа“, рече Виланова.
Нејзиниот колега Дејвид Мекфарланд, рече дека најпрво го чита сценариото не мисли на технологијата.
„Моите одлуки се зависни од мојот емоционален одговор кон материјлот. Стаклото и оптиката се клучот повеќе одошто самата камера, затоа најпрво ги одбирам леќите. Убавината на оваа работа е во тоа што соработувам со многу луѓе, но не вмешувам многу луѓе од другите оддели во моите оптички избори. Јас сум тука да ѝ служам на приказната. Леќите го креираат изгледот, а наша должност е да го создадеме визуелниот јазик, па оптиката тука игра важна улога“, истакна Мекфарланд.