Битола, 20-26.09.25

Воли Фистер на „Браќа Манаки“: За мене е многу е убаво кога се гледа филм снимен на филмска лента во кино сала

Последниве 12 години немам работено со режисерот Кристофер Нолан, но тоа е еден дел од мојата филмска историја. Започнавме со работа на „Мементо“ во 2000-та година и тогаш сфативме дека многу добро се согласуваме, лесно комуницираме. Продолживме да работим заедно и на некој начин учевме еден од друг. Неговата кариера од година во година оди во […]

Панел-дискусија: Жените зад камерата – како да се истакнете во филмската индустрија

На годинешниот ИФФК „Браќа Манаки“, на мастеркласот „Жените во кинематографијата“, беа понудени искрени совети и инспиративни приказни од жени кои успешно ја градат својата кариера зад камерата. Панел-дискусијата, модерирана од Вика Сафриџина од „Лајц“, ја обедини искуствената перспектива на кинематограферките и агентите кои стојат зад нивниот успех. Фриленс кинематограферката Франческа Зеренги го сподели своето искуство […]

Maстерклас Воли Фистер: Очајно сакав да станам кинематографер, не ми беше гајле дали ќе станам богат

Страста да бидaм во филмската индустрија е таа која ме водеше уште од раните почетоци во оваа работа. Јас и моjoт пријател Јануш Камински, очајно сакавме да станеме кинематографи. Не го правевме тоа за да бидеме богати, туку го правевме тоа поради страста кон филмот. Ни беше гајле за парите, рече денеска Воли Фистер, добитникот […]

Филм кој зборува со емоции: ИМАГО со омаж за Рон Јохансон во Битола

Во рамките на ИФФК „Браќа Манаки, во киното „Манаки“ во Битола во полната сала беше прикажан филм омаж во чест на Рон Јохансон, реномиран кинематографер и долгогодишен член на Меѓународната федерација на кинематографери – IMAGO, кој почина во јуни годинава. Проекцијата беше исполнета со силни емоции од колегите на Јохансон, кои преку филмот зборуваа за […]

Врачена наградата Златна камера 300 за животно дело на Дариус Конџи

Синоќа, во прекрасниот амбиент на Пионерски дом во Битола, на свеченост во чест на лауреатот на 46. издание на ИФФК „Браќа Манаки“, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков му ја врачи наградата Златна камера 300 за животно дело на годинешниот лауреат Дариус Конџи, кинематографер со исклучителна деценска кариера кој работел со импозантни режисерски имиња. […]

Мастерклас со добитникот на Златна Камера 300 за животно дело: Дариус Конџи – голема инспирација за младите кинематографери

Во рамки на ИФФК „Браќа Манаки“, преполното кино „Манаки“ во Битола денеска го пречека славниот кинематографер Дариус Конџи, добитник на Златна Камера 300 за животно дело, кој одржа инспиративен мастерклас пред студенти, филмски професионалци и љубители на филмската уметност. Мастеркласот на големиот Конџи во Битола, беше вистинска можност за учесниците да се запознаат со неговото […]

Дариус Конџи: Во работата најважно е да им помогнам на режисерите да ја остварат својата замисла

Дариус Конџи, лауреатот на Златна камера 300 за животен опус и потписник на прекрасни кадри кои говорат за неговата големина, денеска на прес конференција во Битола говореше за соработката со режисерите, начинот на работа на филм, но и за снимањето видео спотови… -Сакам да работам со добри режисери. Режисери со кои можам да остварам посебна […]

Презентација на „Leitz“: Објективите ја дефинираат визуелната нарација на филмската приказна

Леќите се душата на сторијата, а подготовката пред снимање филм е многу важна, ова беше заклучокот на денешната панел-дискусија нсловена како „Јазикот на стаклото – Како објективите го дефинираат раскажувањето на приказната“, која се одржа во киното „Манаки“ во Битола, во организација на германската компанија „Leitz“. Кинематограферите Паскал Марин, Ник Ван Росум, Рејчел Кларк, Дејвид […]

Тимот на македонскиот филм „Нова енергија“ на „Браќа Манаки“: Филмот имаше мал буџет, но го работевме со цело срце

Во селекцијата на кратки филмови вчера беше прикажан македонскиот филм „Нова енергија“, а денеска на прес конференција дел од тимот кој работеше на филмот проговори за предизвиците и начинот на снимање. Режисери се Сара Климоска и Радован Петровиќ и тие проговирија за предизвиците и начинот на снимање, а кинематограферка е Бојана Андриќ -Посебно задоволна сум […]

Бојана Андриќ: Избрав камера SONY Venice бидејќи овозможува флексибилност

За снимањето на филмот „Пупин“ користев камера SONY Venice поради флексибилноста што ја овозможува. Снимавме на различни локации, некои од нив – во мали коли, па моравме да се прилагодиме. Големата сензитивност на леќите беше уште една причина да ја користам оваа камера, истакна денеска Бојана Андриќ, кинематограферка од Србија која денеска зборуваше за снимањето […]