Отворен повик: КАДАР-НА – регионална програма за оснажување на жените во филмската индустрија

Што претставува проектот КАДАР-НА? (анг. HER FRAME, во буквален превод „Нејзин кадар“)
Проектот Кадар-на е иницијатива што се стреми да ги проблематизира родовите нерамноправности во медиумските уметности и филмскиот сектор на Западен Балкан, со посебен фокус врз Србија и Северна Македонија, поконкретно двата Креативни града на УНЕСКО – Нови Сад (медиумска уметност) и Битола (филм). Проектот е осмислен како сеопфатна програма со која младите талентирани девојки ќе се оснажат да остварат кариера во креативните индустрии и да се залагаат за вклучување на родовата перспектива во медиумските уметности и филмот.
Постоењето на родовата нерамноправност е утврдено на сите нивоа во аудиовизуелната индустрија, без разлика дали се работи за плати, бариери на патот кон личен напредок, (сексуално) вознемирување, недостаток на содржини чии авторки се жени, итн. Една од најголемите пречки за родовата рамноправност (или еднаквост) во аудиовизуелниот сектор е недостатокот на жени на одлучувачки места. Во креативната индустрија, жените честопати се недоволно застапени или се третираат и промовираат на начин кој се коси со поимите на почит и достоинство. Медиумската уметност и филмската индустрија во Западен Балкан се соочуваат со сериозни родови јазови, кои го ограничуваат учеството и напредокот на жените. И покрај богатата културна историја и талент во регионот, жените што дејствуваат во овие области се соочуваат со системски бариери, меѓу кои и родова пристрасност, недостаток на пристап до финансиски средства и менторство, и ограничена застапеност на раководни улоги. На ваков начин се попречува развојот на динамична, инклузивна и правична креативна индустрија.
Оваа програма е наменета за нови и млади уметници, филмски работнички кои сакаат да ги усовршат своите знаења и вештини со поддршка од истакнати експерти од филмскиот свет, преку онлајн работилници и интензивна менторска програма.
Проектот „Кадар-на“ е поддржан од Британскиот совет како дел од проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“ (анг. Culture and Creativity for the Western Balkans – CC4WBs), кој е финансиран од Европската Унија и има за цел да го поттикне дијалогот во Западен Балкан преку зајакнување на културните и креативните сектори за да се оствари поголемо социоекономско влијание. Проектот „КАДАР-НА“ е во заедничка реализација на Филмскиот фестивал во Нови Сад и Филмскиот фестивал „Браќа Манаки“.
Кој може да се пријави?
Бараме кандидатки од Западен Балкан, кои се по можност на возраст од 18 – 35 години и кои се во раните фази на својата кариера, како и студентки и кандидатки кои неодамна го завршиле факултетското образование, по можност од областа на филмот. Пожелно е учесничките да имаат филмски проект во подготовка. Сепак, дозволено е и аплицирање со целосно нов проект.
Критериуми за избор (селекција)
Како да се пријавите?
Повикот е отворен до 09.06.2025. За да се пријавите, неопходно е да го пополните формуларот даден тука.
Ќе стапиме во контакт преку е-пошта само со избраните учеснички до 15-ти јуни.
Резултатите ќе бидат објавени на 16-ти јуни.
Што добиваат учесничките?
5 онлајн работилници – од 20/08/2025 до 15/09/2025
- 4 онлајн работилници со експертки од филмскиот свет на следните теми:
- Сценарио за анимиран филм – Сања Поштиќ (Србија)
- Режија – Дина Дума (С. Македонија)
- Кинематографија – Бојана Андриќ (Србија, САД)
- Дистрибуција – Драгана Тешиќ (Србија)
- 1 заедничка работилница со сите менторки за проектот да се подготви за кратко претставување (анг. pitch) и да се дефинираат сите пречки со кои се соочуваат жените во светот на филмот
- Секоја работилница трае по 2 часа
- 2 конференции9.2025 (Нови Сад) и датумот дополнително ќе се утврди (Битола)
- Пристап до голема конференција за положбата на жените во филмскиот свет за време на Филмскиот фестивал во Нови Сад (Србија) и Филмскиот фестивал „Браќа Манаки“ (С. Македонија)
- Програма со 3 мастер-класови – 17.09.2025 – 30.09.2025.
- Програма на првиот мастерклас – за време на овој мастерклас, сите учеснички ќе ги имаат кратко претставување на своите проекти во времетраење од 5-7 минути (анг. Pitching)
- Програма на вториот мастерклас – за време на овој мастерклас, менторките заедно со организаторите на фестивалот избираат 4 учеснички кои ќе влезат во менторската програма
- Програма на третиот мастерклас – за време на овој мастерклас, четирите финалистки работат со 4 менторки на својот проект и се подготвуваат за последната фаза – изложувањето
- Менторска програма – 1.10.2025 – 5.12.2025.
- Онлајн работа еден на еден меѓу менторката и учесничката и подготовка на проектот за претставување пред јавноста
- Претставување – 10.12.2025.
- Претставување на најуспешните проекти
Работниот јазик на севкупната програма е: англискиот јазик.
Колку долго трае проектот?
Заедно со фазата на пријавување, проектот трае 8 месеци. Последната фаза е настанот во Нови Сад во декември на кој ќе бидат претставени најуспешните проекти.
Информации за контакт
За било какви дополнителни информации и/или појаснувања слободно обратете се на marketing@nsff.rs
Повикот е отворен до 9 јуни.
Повеќе информации и линкот за апликација: nsff.rs и manaki.